Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена се спроведе колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од нашата земја кој дарува за непознат пациент од Република Бугарија. Донорот врз основа на ХЛА компатибилноста е избран од Македонскиот Регистар на донори на матични клетки при Институт за имунобиологија и хумана генетика кој е дел од Светскиот Регистрар на Донори.
„Ова е третпат како донор од Северна Македонија дарува за пациент од друга земја. Клетките се користат за трансплантација на коскена срцевина кај хематолошки болни пациенти. Упатувам голема благодарност за храброста, алтруизмот и хуманоста на донорот кој без двоумење прифати да дарува матични клетки. Со овој чин, спасуваме човечки животи. Спасуваме животи на наши блиски, роднини, пријатели. На пациентот од Бугарија му посакувам побрзо закрепнување“, изјави директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.
Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години може да дарува коскена срцевина во Институтот за имунологија и хумана генетика. Преку подигнување на свеста за хуманост, солидарност и запишување во Националниот дарителски регистар, секој граѓанин може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.
The post Д-р Усеини: Изведено трето колекционирање на хематопоетски матични клетки од донор од нашата земја за пациент од друга земја appeared first on Слободен печат.
Д-р Усеини: Изведено трето колекционирање на хематопоетски матични клетки од донор од нашата земја за пациент од друга земја was first posted on јули 2, 2020 at 9:17 am.