-4.2 C
Скопје
03:53 - 25 ноември, 2024

Чувари на умирачката

„Мекици од Охрид”, „Слава во Ресен”, „Свадба во Скопје”, „Ифтарски вечери” и „Погреби” се имињата на новите жаришта (т.н. кластери), што го загрозуваат јавното здравје во Македонија, а со тоа и македонското здравство, економијата и општествено-политичкиот и социјален живот на граѓаните. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова, овие семејни собири, на кои присуствувале од 50 до 150 луѓе, ги посочи ги како извори на актуелниот „пик“. Иако „пик“ го нарекувавме и оној априлскиот, кога бројот на новорегистрирани позитивни на ковид-19 за за едно деноноќие достигна до 107. Од оваа временска дистанца, поради недржење растојание и непочитување на препораките од втората фаза во борбата со пандемијата кај нас, јунското плато на кривата испаѓа дека е најмалку двојно „повисоко“ во споредба со велигденското.

Уште колку ли „пикови“ ќе ни ги загрозат срцата потрефени од ковид-19 нė очекуваат во овој покер со животите на луѓето? Во услови кога групирањето е глупирање, кога на планетава демне незапамтен вирус во поновата човекова историја, не се најде решение за неодговорни граѓани кои не можат да се откажат од крштевки, свадби, матурски… Мали групи, доволно големи да ја загрозат целата земја. Од повеќе аспекти!

Не е до к’сметот, до с’клетот е!

Ќе речете – немаме к’смет. Не е до к’сметот, до с’клетот е! И покрај сите превентивни мерки, не успеавме да ги спречиме парадите на пијанствата и кичот во време на опасно живеење со коронавирусот покрај нас. „Кисело-весело“ баханалии од „згодни жени на шанк качени“. Недостига само уште Оркестарот за свадби и погреби на Горан Бреговиќ да ја засвири „Калашњиков“ за да се комплетира балканската кафеана. Колатералната штета на с’клетот се црните статистики на починати, како и на заболени на кои како спомен од оваа болест ќе им останат трајните последици.

Шансата за себепромоција преку „светот на Марк Цукерберг“ како да стана дополнителен мотив на сите што се „јачи од судбине“. Поразително е што не им може никој ништо. Или барем така вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев! Додека вирално се шират видеата и фотографиите од овие хирови од журови по социјалните мрежи, невидливото вирално ширење на еден организам што живее во телата на неизживеани асимптоматични типови го препознаваме седум до 10 дена отпосле. По звукот на сирените на возилата на итна помош кои итаат кон „8 Септември“ или кон Инфективна!

Тешко се гради преку ноќ колективна свест и совест, особено во општества каде што културата е турната зад кулисите на општествената сцена, а образованието стана бизнис! Три децении конструктивно уриваме вредности. Што се „проширува и надградува“ со ширење лажни вести и теории на заговор. Фејсбук објави дека Македонија е светски лидер, заедно со Филипините, во производството на дезинформации. Сето ова, заедно со гореспоменатата неодговорност на „горезаведените“ вирусоневерници, заедно со недовербата во институциите придонесе за јунскиот пораст на болни од ковид-19.

Оркестар за погреби и свадби

Не ни е крива експоненцијалната крива што институциите не успеаваат да го зауздаат с’клетот на народот кој предизвикува галоп на смртта. Таа сама по себе не оди угоре, туку е последица на севкупните односи во општеството. За да не ги изземеме од одговорноста и партииите од владејачката коалиција, ќе потсетиме на нивната снисходливост кон верските лидери. Во борбата против мантиите не се повикаа ниту на Турција и Грција, земји каде оџите и поповите се „богови“, а воведоа карантин за време на најголемите верски празници.

Наместо ласерски да ги освојуваат тврдините и да испуштаат националистички крици, требаше само да го освојат неосвоеното кале на кое сė уште господарат клици. Тој глас на разумот ќе им донесеше многу повеќе гласови. Шефот на кризниот штаб што се снимаше кога проверуваше дали се поставени двојазичните табли пред државните институции, требаше да оди во Лабуништа и да им објасни на терен дека не е подобро да се умре дома отколку во болница. Како лекар да ги посоветува навреме да се посоветуваат со матичниот. А има политичари-лекари и во опозицијата чиј збор поинаку се цени во нивното гласачко тело.

За жал, не формиравме унисон оркестар за овие свадби и погреби, можеби и поради фактот што бевме уникатен пример на земја без парламент и со техничка влада. Прилично симптоматична е грижата за јавното здравје на партијата од која доаѓа Чулев кога станува збор за закажување избори, наспроти „немоќта на министерот против народот“ кога излегува на литии и собиранки.  Од тој народен вруток потече новиот наплив на капковна инфекција. Партијата-наследник на ликот и делото на азилантот од Будимпешта, која пред десетина години вршеше директни преноси од апсења на недолжни, сега не може да постави ниту еден „чувар“ на гробиштата за да спречи масовни собирања на погреби. Чувари на редот и вечниот мир. Чувари на умирачката!

The post Чувари на умирачката appeared first on Слободен печат.


Чувари на умирачката was first posted on јуни 20, 2020 at 11:21 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....