-0.2 C
Скопје
21:45 - 25 ноември, 2024

Британија не може да им го фати крајот: Источноевропски измамници крадат милиони наменети за пандемијата

Источноевропски криминални банди ја предводат најголемата измамничка компанија во историјата на Велика Британија, земајќи мулиони фунти од парите наменети за помош во пандемијата од ковид-19.

Доушник вмешан во пренасочувањето на тие пари од британските даночни обврзници во џебовите на криминалците, изјави за Дејли мејл дека банди од Романија, Албанија, Бугарија, Турција и Полска раководат со 90 отсто од оваа измамничка шема.

На експертите за измами од британското оддлеление за приходи и царина (ХМРЦ) и Министерството за труд  им се приклучи и Националната криминалистичка агенција (НЦА) и Канцеларијата за тешки измами, за да ѝ влезат во трага и да ја спречат криминалната група. Се верува дека учествуваат и други агенции.

Доволен е само повик за да се добие кредит/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

„Дејли мејл“ наведува дека изгледа британската влада размислува за употреба на таканаречен МекМафија закон против корупција, за да поврати некои од украдените фондови. Налогот за необјаснетиот извор на богатство, како што гласи официјалниот назив, бара од луѓето да го откријат потеклото на своите приходи – или ќе останат без нив. Извор од НЦА рече за британскиот весник дека владата ја разгледува можноста законот да се употреби против „ковид измамниците“.

Доушникот рече дека измамата станала речиси ендемична откако е воведен карантин и е објавен планот на канцеларот Риши Сунак и другите министри за поддршка на загрозените од пандемијата, односно оние чии работни места се изложени на ризик и компаниите кои се соочуваат со банкрот.

Тој додаде дека бројот на случаи пред неговиот тим „вртоглаво се зголемил“ од март досега.

– Пред карантинот во март, работевме на неколку стотици сомнителни случаи, а до јуни тој број се искачи на 15. 000, а тоа е само што се однесува до универзалниот кредит, и тоа во мал регион – изјавува анонимниот владин истражител.

Измамници се пишувале по 20 на иста адреса и барале помош од државата/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Измамниците на мета имаат шеми на принудно отсуство од работа, иницијативи за заедми и „универзален кредит“ со помош на кои ја злоупотребуваат стратегијата на британската влада „Провери и заштити“ со која прво им се даваат пари на загрозените, а дури потоа се поставуваат прашања.

Министерството за труд, на пример, ги олабави правилата за луѓето да можат да аплицираат за универзален кредит преку телефон и да добиваат средства пред да обезбедат доказ дека ги исполнуваат условите. Иако програмата им помагаше на многумина на кои навистина им беше потребна, таа им обезбеди и на криминалците профитабилна можност.

– Карантинот доведе до златна треска – универзален кредит, заеми, плаќања за отсуство од работа – сè е оставено, само да се подигне – изјави овој извор за „Дејли меил“.

Според весникот, во еден случај, измамник бил фатен додека се обидувал да избега од земјата со 80.000 фунти во куфер. Во друг случај, 20 лица аплицирале за заем и други поволности од универзалната шема за заеми,  од истата адреса.

Увид во проблемот се појави минатата недела кога во извештајот на Државниот завод за ревизија се вели дека 26 милијарди фунти се изгубени поради измама со заемите, до 50 000 фунти што им даваат на компаниите како владина поддршка . Ревизорите стравуваат дека околу 60 проценти од заемите може никогаш да не бидат вратени.

Сите служби сега ги проверуваат доделените кредити и ги откриваат измамите/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Минатиот месец, службеник на ХМРЦ призна дека неправилно се распределени околу 3,5 милијарди отпремнини и дека истражуваат 27.000 случаи со „висок ризик“ за кои се верува дека се сериозна грешка.

Владата од март потроши повеќе од 35 милијарди фунти за поддршка на британските работници, плаќајќи им 80% од платите, максимум 2.500 фунти месечно. Шемата ќе заврши на 31 октомври, а Сунак сега им нуди финансиска поддршка на работниците во индустриите погодени од локалните карантини.

Една Романка побарала 2.500 фунти за кирија во „сиромашен кварт“ и уште 15 лица се јавиле од истата адреса.

– Ова е голема измама, со индустриски размери – рече доушникот. – Тоа оди систематски. Ако владата даде пари, тие криминалци ги земаат. Само што, се разбира, не се пари од владата, тоа се наши пари и ќе ги враќаме со генерации.

Доушникот вели дека неговиот ден започнува во 8.00 часот наутро.

– Кога ќе го вклучам компјутерот, пристигнува поплава од нови мејлови, сите се нови случаи. Секој од нив не е за стотици или илјадници фунти. Тие се однесуваат на десетици и стотици илјади фунти – наведува тој.

Доушникот рече дека 80-90 проценти од случаите на измама биле извршени од луѓе од источноевропски земји, имено од Романија, Полска, Албанија, Бугарија и Турција.

-Нашиот оддел отсекогаш имал тим кој ги следи измамите од источна Европа и криминалците од Балканот, но ова е друго ниво – додава информатор чиј тим истражува случаи на универзален кредит, посочувајќи дека „овие криминалци ја туркаат Велика Британија во финансиска пропаст“.

Бројот на апликанти за заем скокна од неколку стотици во март до јуни на 15.000

Изворот наведува дека криминалците честопати користат повеќе датуми на раѓање на различни сметки ама не знаат да кажат кое училиште го посетувале кога биле повикани на телефон.

-Една жена бараше универзален заем, се јави од голема финансиска компанија и имаше плата 10.000 фунти нето месечно. Можев да ги видам деталите за данокот, пензијата, платата на централниот информативен систем и само да и ги прочитам тие информации. Таа замолкна и потоа праша: “Од каде го знаеш тоа?” – вели овој доушник.

Во друг случај, жена од Романија, чија сметка беше замрзната поради сомнителни обвинувања, тврдеше дека живее во трособен стан со три деца во сиромашна област, а  бараше 2.500 фунти месечно за кирија.

– И нејзиниот сопруг побара заем – изјави изворот. – Кога почнав да поставувам прашања, таа плачеше дека нејзиниот фрижидер и шпорет не работат, дека и требаат пари однапред и дека не може да разговара со сопственикот.

Поради губење на работата, многумина добиваат и помош во храна/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Со дополнителна проверка откриено е дека 15 лица бараат пари од иста адреса и дека жената всушност живеела во вила во област, популарна меѓу професионалните фудбалери.

„Кога и го кажав тоа, таа ја спушти слушалката“, рече истражителот. – Подоцна дознав дека тоа е поврзано со мрежа на трговци со луѓе кои неодамна купија цела улица во Романија.

„Дејли меил“ потсетува дека портпаролот на британското Министерство за труд синоќа изјави дека „измамите и грешките во системот за олеснување остануваат многу ниски“ и дека „96,5 проценти од поддршката е точно исплатена“. Кога станува збор за поголеми измами, на пример куќа со 30 лица регистрирани на една адреса, се вмешуваат и други органи и полицијата ги апси сите од таа адреса.

„Огромното мнозинство од побарувањата за универзаленкредит се легитимни“, рече тој.

Како што рече, тие продолжуваат да ги испитуваат и истражуваат заканите.

– Воспоставивме системи кои успешно ги идентификуваат измамите – рече тој.

(Извор: Дејли Мејл)

 

The post Британија не може да им го фати крајот: Источноевропски измамници крадат милиони наменети за пандемијата appeared first on Слободен печат.


Британија не може да им го фати крајот: Источноевропски измамници крадат милиони наменети за пандемијата was first posted on октомври 11, 2020 at 7:24 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....