Во последните моменти од нивниот живот во прегратка биле Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. Така биле пронајдени телата на двајцата кои починаа во хеликоптерска несреќа.
Како што тврди „ТМЗ“, според лице запознато со истрагата, полицијата ги пронајде прегрнати заедно. Истиот прв зборуваше за трагедијата со кошаркарскаата легенда минатата недела.
Во оваа трагедија загинаа уште седум лица, како и двајца соиграчи на Џиана во кошаркарската екипа на академијата „Мамба“, што беше основана заради неа од нејзиниот татко.
Синоќа Лејкерси, клубот во кој Брајант ги имаше најголемите успеси, го одигра првиот натпревар без Коби.
Поплава од емоции во „Стејплс“ центарот, меѓу оние кои држеа говори беше и еден од најдобрите сегашни играчи на тимот од Лос Анџелес, Леброн Џејмс.
The post Брајант ја прегрнувал својата ќерка во последните секунди од нивниот живот appeared first on Слободен печат.