-3.2 C
Скопје
04:52 - 23 декември, 2024

Бошњаците го прават, Aлбанците го носат, Mакедонците го јадат, што е тоа?

„Албанците вработени во администрација им носат бурек на Македонците“. Ова е една од репликите на почитуваниот градоначалник на Гостивар и претставник на Алијанса, Арбен Таравари упатена кон министерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, на вчерашната дебатна емисија на една од националните телевизии. Се разбира репликата е метафоричка иако не гледам ништо лошо да се однесе доручек на колега, ха ха. Таравари сакаше да каже дека Албанците вработени во државната администрација се тотално деградирани, интелектуално осакатени, не работат ништо и единствена работна задача им е да „им носат бурек на Македонците“.

Не знам од каде да почнам, дали е оваа изјава навреда за Албанците или е навреда за ДУИ? Дали е ова критика на системот, критика на начинот на кој функционира администрацијата, критика упатена кон ДУИ и раководните структури во државниот апарат, критика кон власта или критика кон Македонците кои се на раководни позиции и преку злоупотреба на истите ги деградираат Албанците. Не знам која е вистинската состојба во администрацијата, но имам пар познаници административци кои можат да посведочат за деградација на Албанците каде раководители на сектори и министри се Македонци и обратно, деградација на Македонци каде раководители на сектори и министри се Албанци, истото се однесува и на другите етнички заедници.

Како и да е, едно со сигурност знаеме, а тоа е дека половина од администрацијата не работи ништо и „носи бурек“, доказ не ви е потребен, доволно е само да ги погледнете бројките, 200 илјади административци, а реалната потреба е за максимум 100 илјади. Во тие „неработници“ има и Македонци и Албанци, има од сите етникуми, „која мајка го изгубила детето, ќе го најде таму“. Добро, некои од децата се сеуште дома и земаат плата додека чекаат да бидат систематизирани и распределени по сектори. Нивните работни задачи се познати, „ќе носат бурек“, само не знаеме сеуште во кое министерство.

Никоја власт до сега не собра храброст да ја редуцира обемната администрација, никој претендент за власта исто не собра храброст јавно да каже дека за пола од административците реално нема потреба, Таравари е само еден од нив. Напротив, сите говорат и ветуваат вработувања во истата таа обемна администрација, до кога, до каде? Додека не почнеме да преговараме со ЕУ, после ќе мораме да кратиме, сакале неќеле. И сега ние треба да дебатираме за индивидуален напредок и кој кого кочи или кој кого деградира, а сите сме свесни дека квалиетот е најмалку пресуден, можеби тој е последен ако и воопшто е критериум. Критериум е блискоста со партијата на власт, критериумот е кој колку сработил за партијата, не за државата, критериум е кој е близок со министерот или некој од раководните структури на партијата. Затоа неспособните одат напред, а способните се на маргините.

Претставникот од БЕСА на синоќешната дебата Аријанит Хоџа спомена дека доколку тие дојдат на власт ќе се залагаат за закон кој ќе гарантира напредување во кариерата на основа на сениорноста, на пример ако си 10 години вработен по закон мора да одиш 2-3 скалила нагоре. Обид за „исправање“ на неправдите, но сепак не е никаква гаранција дека способните ќе го добијат заслуженото, впрочем „носење бурек“ десет години не е доказ за квалитет, за бурекџилница можеби да, но не за државна институција. Всушност, со оглед на тоа колку сите „јадеме бурек“ за се и сешто, државата и ни е една голема „бурекџилница“.

Веќе осум години сум дел од американскиот систем на работа и можам да кажам дека личниот квалитет и посветеност на работата се единствени критериуми и фактори за напредок во кариерата. Многу едноставно, се формира комисија составена од главниот менаџер на одделот, главниот менаџер на проектот, менаџерот на Човечки ресурси, која ги евалуира успесите и достигнувањата во работата на сите кандидати и врз основа на тоа одлучува кој ќе биде унапреден. Секако дека постојат понекогаш опструкции, но механизмите за заштита на интегритетот на самиот процес се многу ефикасни. Другата работа колку за парела е системот на плаќање, кој се базира на сработени работни часови во неделата. Доколку нема доказ дека си ги сработил потребните часови за кои тврдиш дека си ги сработил, не само што нема да бидеш платен, туку и можеш да го изгубиш работното место. Од друга страна пак, доколку имаш сработено повеќе, сето тоа време, до минута ти се исплатува како прекувремена работа, и да сакаш не можеш да одбиеш исплата на тие часови, затоа што е против законот за работни односи. Кај нас е обратно, имаме докази колку сакаш дека ништо не се работи, а сепак плата се зима и никој не се обидува тоа да го промени, ниту пак со тоа се занимава, па ни Таравари.

Ова е негова изјава дадена за една телевизија во април годинава: „Има 60 вработени во општината кои се паразити на ДУИ, ништо не работат а земаат плата“. Па би сакал да го прашам за мене сепак почитуван доктор Таравари, кои ги деградира и интелектуално сакати овие Албанци и дали тие барем „носат бурек“ и на кого?

Ние се соочуваме и со уште еден проблем кој за мене е поопасен, а тоа е дека на овие административци оваа ситуација на „клати врата земи плата“ им одговара. Изгубена е желбата за работа, желбата за знаење, за усовршување, не постои никаква амбиција за себедокажување, амбиција за да направат нешто корисно за себе, за институцијата во која работат и ултимативно за државата и општеството. Не сакаат никаква одговорност, пре би да „носат бурек“, се додека има плата. Дали системот создадеи вакви службеници или тие го оформија системот, тоа не знам.

The post Бошњаците го прават, Aлбанците го носат, Mакедонците го јадат, што е тоа? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....