3.8 C
Скопје
14:24 - 25 декември, 2024

Бислимоски: Следува сериозна гасификација и пониски цени на гасот!

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски при учеството на онлајн дебатата за состојбите во енергетскиот сектор пред стопанствениците и членовите на на собранието на Стопанската комора ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

Тој истакна дека претстои сериозна гасификација на земјата по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила за 20 проценти со идниот крак од Грција преку Северна Македонија па се до Косово.

,,Во Бугарија по отворањето на Балкан хаб каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намали за 40 отсто. Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја која гради инфраструктура и се поврзува со нови коридори, може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзување на Северна Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила за 20 отсто. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цената ќе оди надолу. Кракот што го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово, посочи Бислимоски.

Прогнозите на потрошувачката и цените на енергенсите во претстојниот зимски перод и постапките за поднесување на приговор доколку настане штета поради прекин на испорака на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија беа дел од прашањата за кои стопанствениците изразија интерес.

 

The post Бислимоски: Следува сериозна гасификација и пониски цени на гасот! appeared first on Слободен печат.


Бислимоски: Следува сериозна гасификација и пониски цени на гасот! was first posted on октомври 31, 2020 at 11:12 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....