-0.2 C
Скопје
02:22 - 19 декември, 2024

БИЛЕТОТ МОРА ДА СЕ ИЗБРИЧИ ДО КРАЈОТ НА ВОЗЕЊЕТО: ЈСП го згреши албанскиот превод на новиот билет (ФОТО)

Билетите за едно возење во автобусите на ЈСП кои вчера беа пуштени во продажба по цена од 50 денари содржат cкандaлозни грешки во користењето на албанскиот јазик, пишува Алсат.

Во преводот на албански на билетот, зборот „се чува“ е помешан со зборот „се избричи“, па упатството на ЈСП добива апсурдно значење.

Тоа гласи: „Билетот е за едно патување. Билетот мора да биде валиден и да се избричи до крајот на возењето. Билетот што не е валиден се смета за неважечки. При контрола, билетот за верификација се дава на овластеното лице. Возењето со неважечки билет е казниво“

Од ЈСП признаваат дека не ја консултирале Агенцијата, туку помош за преводот побарале од тројца вработени во претпријатието, кои не се ниту преведувачи, ниту лектори, а го одобриле текстот.

The post БИЛЕТОТ МОРА ДА СЕ ИЗБРИЧИ ДО КРАЈОТ НА ВОЗЕЊЕТО: ЈСП го згреши албанскиот превод на новиот билет (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....