9.9 C
Скопје
16:22 - 18 декември, 2024

БиХ: Со секира ја убил мајка му, а со нож ја нападнал стрина му – Судот го испраќа шест месеци во психијатриска болница

Един Брица кој со секира ја усмртил својата мајка и ѝ нанел повреди на својата стрина во местото Ждримци, Босина и Херцеговина, ќе се лечи во психијатриска установа шест месеци, пренесува српски „Блиц“.

Ова го одлучи советот на Кантоналниот суд во Нови Травник. Во решението се наведува дека Брица го извршил ова кривично дело во состојба на непресметливост бидејќи делува од шизофренија.

Тој на 4 мај минатата година пред семејната куќа од зад грб ѝ пристапил на мајка му Рефија и со металниот дел од секирата ја удрил во главата, по што таа паднала на земја.

Продолжил да ја удира и ѝ нанел серија на грозоморни повреди на главата.

Потоа отишол до куќата на својата стрина, која е оддалечена 50-тина метри од неговата и при влегувањето земал кујнски ниж со кој и задал удари во пределот на вратот, главата и десното рамо. За среќа на стрината Хамиде, сите повреди не биле животозагрозувачки, пишува „Кликс.ба“.

Мајка му паднала во кома по нападот, а почина по четири месеци поминати во Општата болница во Бугојно. Брица, поради здравствената состојба, се ослободува од трошоците за судењето.

The post БиХ: Со секира ја убил мајка му, а со нож ја нападнал стрина му – Судот го испраќа шест месеци во психијатриска болница appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....