3.8 C
Скопје
18:54 - 18 декември, 2024

Би-би-си: Две семејства љубоморно го чуваат богатството– бисери од риби

На брегот на едно од најстарите езера во Европа, две семејства веќе еден век љубоморно го чуваат богатството – бисери од риби.

И Северна Македонија и Албанија граничат со Охридското Езеро, кое е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа. Во смагардните води на езерото, кое е под заштита на УНЕСКО како културно и природно подрачје, живеат 212 ендемични видови растенија и животни. Меѓу нив, плашицата е клучната состојка во создавањето на една од најпознатите богатства од регионот – охридските бисери.

Речиси еден век, само две семејства знаат како да прават бисери – тоа се семејствата Талеви и Филеви. За разлика од вообичаените бисери, охридските бисери се прават од школки, кои се толчат за да се направат топчиња во различни големини. Исто така, се премачкуваат со најмалку осум слоеви на емулзија со што се добива нивниот карактеристичен сјај. Треба добро да се исуши пред да се нанесе нов слој за што некогаш е потребно 45 минути до еден час за секој слој. Емулзијата содржи лушпи од плашицата, која е исто така позната како охридски крап. Но, останатиот дел од процедурата е тајна.

Изработката на охридски бисери започнува во дваесетите години на 19тиот век, кога еден емигрант од Русија им ја пренел техниката на двете семејства. Оттогаш, членовите на семејствата Талеви и Филеви го пренесувале тајниот процес на изработка од колено на колено, односно татковците ги учеле нивните синови. Ако традиционалните бисери може да траат само 150 години, Талеви тврдат дека охридските бисери траат вечно.

Последниве неколку децении, охридското скапоцено богатство стана еден од најпрепознатливите заштитни марки. Охридски бисери носеле кралици и принцези од европските кралски семејства, меѓу кои и данската кралица Маргарета Втора, британската кралица Елизабета Втора и принцезата Дајана.

The post Би-би-си: Две семејства љубоморно го чуваат богатството– бисери од риби appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....