04:07 - 12 јули, 2026

Бесплатниот автобуски превоз за учениците и пензионерите нема да важи од утре, па во наредните две недели

Бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз нема да важат од утре, па во наредните две недели.

Како што соопшти ЈСП Скопје, времено нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

– Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки, се истакнува во соопштението.

The post Бесплатниот автобуски превоз за учениците и пензионерите нема да важи од утре, па во наредните две недели appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....