-1.2 C
Скопје
19:16 - 22 декември, 2024

Бајден ги зголемува шансите за победа на претседателските избори

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден од ден на ден ги зголемува своите шанси за победа против Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, покажуваат речиси сите сериозни анкети во САД,  објави Си-Ен-Ен.

На 100 дена пред претседателските избори анкетите покажуваат дека 29 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот е најважниот проблем со кој се соочуваат САД, додека речиси  половина помалку од анкетираните веруваат дека економијата е најважното национално прашање.

Фактот дека Американците го перцепираат коронаворусот, а не економијата како најважно национално прашање покажува дека претседателот Трамп во моментов се соочува со сериозен проблем.

Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека шансите за победа на Трамп би можеле повторно да се подобрат доколку се подобри и епидемиолошката состојба во земјата.

„Во овој момент подобро е да сте Џо Бајден отколку Доналд Трамп, но изборната трка се уште е далеку од завршена”, заклучува Си-Ен-Ен.

The post Бајден ги зголемува шансите за победа на претседателските избори appeared first on Слободен печат.


Бајден ги зголемува шансите за победа на претседателските избори was first posted on јули 26, 2020 at 10:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....