-0.2 C
Скопје
02:20 - 19 декември, 2024

Ацевски: MОН со мерките во образовниот процес задоцни, изгубена е цела година

Министерството за образование како надлежен орган задоцни. Требаше веднаш да побара од факултетите, средните и основните училишта, да организираат он лајн настава барем по главните предмети, вели професорот Илија Ацевски во разговор за Слободен печат. Според него, со ваквото однесување на МОН изгубена е цела година.

– МОН веднаш требаше да се мобилизира, а не да чека да изминат 10 денови и со тоа да дозволи учениците и студентите да се однесуваат како на распуст. Ги остави на милост и немилост на ситуацијата предизвикана од заразата со коронавирусот. Сега веќе е доцна. На пример одложена е испитната сесија на факултетите. За кога – нема одговор – вели Ацевски.

Тој посочува дека доколку Министерството навреме ги дадеше насоките, до сега професорите ќе мораа да ги постават своите предавања он лајн и да почнат да комуницираат со студентите и учениците, бидејќи, според професорот во пензија, во ваква вонредна состојба, нема друг пат.

Ацевски проблемот го гледа и во доцнењето со модернизацијата во образовниот процес. Вели дека 30 години заостануваме зад другите земји, бидејќи навреме не сме разбрале дека има нови начини и пристапи на учење, преку компјутери, интернет, телефони. Нема електронски училници, а наставата во поголем дел на факултетите и училиштата се одвива со табла и креда.

– Во оваа вонредна ситуација соседните земји веќе се организираа, бидејќи веќе имаа логистичка поддршка. Отворете ги интернет страниците на универзитетите во Приштина, Загреб, Белград, Софија и ќе видите многу он лајн предавања кои се претставеи пред епидемијата со коронавирусот. За разлика од нив, ќе го земам Филозофскиот факултет при УКИМ за пример, ниту еден професор до сега нема организирано он лајн настава – вели Ацевски.

Ацевски клучниот проблем го гледа во тоа што 50 проценти од професорите на факултетите при УКИМ не држат предавања речиси преку целата година. Доколку МОН сака да им помогне не останатите 50 проценти од професорите, Ацевски апелира МОН да организира предавање за професорите за да научат како електронски да комуницираат со студентите исто како професорите од соседните држави кои на своите студенти литературата им ја испраќаат преку меил, или скајп, а предавањата ги одржуваат електорнски или преку групна платформата.

The post Ацевски: MОН со мерките во образовниот процес задоцни, изгубена е цела година appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....