3.8 C
Скопје
01:54 - 4 февруари, 2025

АНКЕТА Граѓаните реагираат: Зошто да носиме маски на отворено кога забавите никој не ги контролира? (ВИДЕО)

Пред два дена министерот за здравство Венко Филипче го најави новиот пакет мерки кој во наредните денови ќе и биде претставен на јавноста, а кој вклучува засилени контроли и дополнителни норми за спреќување на ширењето на коронавирусот.

Како што истакна министерот, со доаѓањето на септември започнува и сезоната на сезонскиот грип, а со самото тоа се очекува да се зголеми и бројот на заболени лица со ковид-19.

Филипче: Во тек се анализи и планови за воведување нови мерки за сузбивање на вирусот

Задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави во затворени простори, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, односно за бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз се дел од мерките кои се разгледуваат и кои ги најави министерот.

Граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека се свесни за непочитувањето на мерките и се согласни со министерот дека е потребно нивно заострување, но поголемиот број од нив не се согласуваат со мерката за задолжително носење на маски на отворено.

Некои граѓани се збунети, бидејќи ќе треба да се носат маски на отворено, а се уште се организираат забави и други прослави, додека други, пак, велат дека маската го отежнува дишењето и дека не е добро да се носи постојано.

Во продолжение погледнете ја нашата анкета:

The post АНКЕТА Граѓаните реагираат: Зошто да носиме маски на отворено кога забавите никој не ги контролира? (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


АНКЕТА Граѓаните реагираат: Зошто да носиме маски на отворено кога забавите никој не ги контролира? (ВИДЕО) was first posted on септември 24, 2020 at 11:39 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....