-2.2 C
Скопје
07:27 - 19 декември, 2024

Андоновиќ: Откажана средбата во Вашингтон – Белград и Приштина ќе го чекаат исходот од претседателските избори во САД? (ВИДЕО)

Поради подигнатото обвинение на Специјалното обвинителство против претседателот на Косово, Хашим Тачи, премиерот на Косово, Авдулах Хоти објави дека не може да присуствува на состанокот на 27 јуни во Белата куќа, каде требаше да разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Хоти утринава го известил посредникот на рагзоворите, Ричард Гренел дека нема да допатува во Вашингтон зa да учествува во оваа долгонајавувана средба. Косовскиот претседател и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, и други лица, се обвинети за воени злосторства за време на конфликтот во Косово, а „потписот“ на предлог обвинението го ставил Американец.

Патувањето во Вашингтон прв го откажа Тачи. Американскиот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, тогаш рече дека Вучиќ и Хоти ќе се сретнат во Вашингтон.

Предлог-обвинението за воени злосторства против поранешниот политички лидер на ОВК, Хашим Тачи и неговиот началник на тајната полиција, Кадри Весели, сериозно ја разниша политичката сцена во Косово.

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека поднесувањето обвинение за воени злосторства против Хашим Тачи, Кадри Весели и други, објавено од Канцеларијата на независното Специјално обвинителство, е чекор кон правдата и процесот на помирување во Западен Балкан, изјави портпаролот на Стејт департментот.

САД ги повикале Специјализираниот совет на Косово и независната канцеларија на Специјалното обвинителство да се придржуваат кон својот мандат, додека случајот напредува низ судскиот систем. Тие сметаат дека зад објавата е процес што траел 20 години.

Од друга страна, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е огорчен поради оваа одлука на Хаг наведувајќи дека е на страната на „борците кои го ослободиле Косово од пеколот на Милошевиќ”.

Реакции дојдоа и од поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај и албанскиот претседател Илир Мета кои очекуваат дека обвинетите во Хаг ќе ја докажат невиноста и одбранат големата ослободителна улога која ја имале во уривањето на режимот на Милошевиќ.

Белград засега со коментар дека „премиерот на лажната држава Косово“ ја одложил средбата во Вашингтон, наведуваат српските медиуми. Властите во Србија во континуитет бараат апсење и судење во Хаг на сите воени команданти од поранешната ОВК кои во деведестите години на минатиот век се бореа на Косово и ја отцепија оваа поранешна јужна покраина од српската држава.

Белград води истрага за речиси сите актуелни косовски политичари дека како поранешни воени команданти на ОВК извршиле бројни убиства и геноцид против српскиот народ на Косово.

Што се однесува до помпезно најавената средба во Вашингтон на 27 јуни, која патем требаше да биде старт за отпочнување на прекинатите преговори за финалниот статус на Косово, неизвесно е кога тие ќе бидат презакажани. Анализите укажуваат дека можеби Белград и Приштина ќе тактизираат и ќе го чекаат исходот на претседателските избори во САД на трети ноември, и тоа која администрација потоа ќе посредува во преговорите. Дотогаш веројатно средбата на преставниците меѓу Белград и Приштина би останала само во формални и несуштински разговори, се наведува во доделени анализи.

The post Андоновиќ: Откажана средбата во Вашингтон – Белград и Приштина ќе го чекаат исходот од претседателските избори во САД? (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Откажана средбата во Вашингтон – Белград и Приштина ќе го чекаат исходот од претседателските избори во САД? (ВИДЕО) was first posted on јуни 25, 2020 at 9:50 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....