-4.2 C
Скопје
02:27 - 25 ноември, 2024

Андоновиќ: Неуспешен бојкот на опозицијата и убедлива победа на партијата на Вучиќ (ВИДЕО)

Српска напредна партија на Александар Вучиќ оствари убедлива победа на парламентарните избори, што вчера се одржаа во услови на епидемија на коронавирусот. СНС на Вучиќ освои 63,4% гласови, што според проекциите ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250. Далеку на второто место и со огромна разлика е нејзиниот досегашен коалициски партнер Социјалистичка партија на Ивица Дачиќ со 10,3%. Трета по освоени гласови е партијата на поранешниот ватерполист Александар Шапиќ, СПАС, со 3,9% гласови.

Според државната изборна комисија, излезноста на изборите била 45%, што укажува на мала излезност. Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија, Драган Ѓилас, кој ги бојкотираше изборите, изјави дека „лажните избори на Вучиќ не успеале“ затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите. И поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ кој како лидер на Социјалдемократската партија не успеа да го помине предвидениот цензус од 3 проценти и да влезе во српското собрание оцени дека резултатите на парламентарните избори покажуваат дека Александар Вучиќ го уништил политичкиот живот во Србија. Тој кажа и дека единство на опозицијата е можеби невозможно и дека затоа предлага формирање една голема, нова, силна опозициска партија. Тадиќ смета дека ситуацијата во која една партија освојува 62 отсто од гласовите, а следната 10 отсто, следната 4,5 отсто, а сите останати се под цензусот, не е нормална и сведочи за состојбата во која се наоѓа Србија.

Тадиќ ја повтори идејата за формирање на една голема и обединета опозициска партија која со заеднички сили ќе и се спротистави на владеачката партија на Вучиќ.

Изборите ја покажаа таа потреба ако се земе во предвид дека сите партии и лидери кои се отцепија од Демократската партија на поранешниот премиер Ѓинџиќ и партија која под раководство на Тадиќ на двата беше победник на изборите, сега не успеваат разединети да го освојат ниту предвидениот цензус. На неколкупати имаше иницијатива да се договорат, но опозиционите лидери не успеаа да се обединат и оттаму резултатот на вчерашните избори покажа дебакл. Се покажа и дека бојкотот на дел од партиите е неуспешен, а дел од опозицијата која одлучи да излезе на изборите, не беше подржан од гласачите. Она што особено може да се случи се најавите на второрангираните социјалисти и трето пласираните СПАС на Шапиќ да влезат во коалиционата влада на Вучиќ, и така во српското собрание да нема преставници на опозицијата. И радикалите на Шешељ доживеаа дебакл со многу послаб резултат од изборите пред 4 години кога имаа преставници во собранието. Сега Радикалите не успеаа да го поминат цензусот и нема да имаат пратеници во собранието. Идентично и партијата на актерот Сергеј Трифуновиќ, кој иако привлекуваше голем публицитет, сепак не успеа да влезе со ниту еден пратеник.

Добиената убедлива подршка од граѓаните, за Вучиќ и неговата партија значи комотна позиција во владеењето со Србија во наредните 4 години. Она што можеби нема да биде комотно и пријатно е периодот кој следува, а тоа е седнувањето на преговарачка маса со Приштина и решавањето на косовското прашање. Во Белград денесска пристигнува спецјалниот преставник на ЕУ за преговорите Мирослав Лајчак, во пресрет на новата рунда на разговори меѓу Белград и Приштина закажана за 27 јуни во Вашингтон, каде во посредство на САД и ЕУ ќе се разговара за решавањето на косовскиот статус.

Во наредните два месеци парламентарни избори се закажани во Хрватска на 5 јули, Македонија 15 јули и Црна Гора на 30 август. По завршувањето на изборите ќе биде појасна политичката слика во регионот.

The post Андоновиќ: Неуспешен бојкот на опозицијата и убедлива победа на партијата на Вучиќ (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Неуспешен бојкот на опозицијата и убедлива победа на партијата на Вучиќ (ВИДЕО) was first posted on јуни 22, 2020 at 9:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....