-4.2 C
Скопје
01:23 - 23 декември, 2024

Андоновиќ: Импичментот на Трамп казна за злоупотребата на претседателската должност или опасно извртување на Уставот?

Демократскиот конгресмен Адам Шиф кој е еден од седумте менаџери за импичмент кои ќе го водат случајот против претседателот изјави дека ниту еден претседател досега не се обидел да ја спречи истрагата за импичмент толку темелно. Судскиот процес, според очекувањата треба да трае неколку недели, анализира новинарот Дејан Андоновиќ во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

-Предметите по кои е обвинет Трамп, од Долниот дом на американскиот Конгрес до Сенатот беа предадени во услови на затегнати безедносни мерки на Капитол хил. Трамп е обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот, за наводна изнуда од Украина да отвори антикорупциска истрага против политичкиот ривал Џо Бајден, со задршка на 391 милион долари воена помош за таа земја, сојузник на САД, чиј дел од територија е воено окупиран од Русија- анализира Андоновиќ во „Утрински брифинг“.

Но Трамп, кој постојано изјавува дека целата ситуација со импичментот е „грешка“ на демократите, смета дека ќе биде ослободен од обвиненијата, а неговите постапки кон Украина, според него, се дел од борбата со корупцијата во таа земја.

Сепак демократите се неумоливи, откако изгласаа отповикување на Трамп во Претставничкиот дом во декември, сега тие бараат распит на останати сведоци кои би можеле да откријат нови детали од притисокот врз Киев.

Андоновиќ ги коментираше и најновите анкети на телевизијата Си-Ен-Ен, кои покажуваат дека речиси 51 отсто од Американците сметаат оти Сенатот треба да го осуди Трамп и да исгласа негово отстранување од функцијата претседател.

Од друга страна, 45 отсто од испитаните повикуваат Сенатот да гласи против осуда и отстранување на претседателот.

Речиси седум од 10 испитаници се изјасниле дека судот над Трамп треба да повика сведоци кои не сведочеле за време на истрагата за импичмент во Претставничкиот дом.

И додека демократите во Сенатот се обидуват да убедат барем четворица републикански сенатори да гласаат за повикување на сведоци, тврдокорните републикански сенатори се подолени, 48 отсто велат дека сакаат нови сведоци, додека 44 отсто велат дека не сакаат.

Од другите наоди на анкетата, мнозинство од Американците сметат дека предметите под кои Трамп е обвинет и се соочува со судење се точни.

Покажана е длабока поделеност по партиска линија – 89 отсто од демократските членови изјавуваат дека претседателот треба да биде отстранет од функција, додека само 8 отсто од републиканските членови го сметаат истото.

Независните се пак еднакво поделени, 48 се за отстранување на Трамп од власт, додека 46 отсто се против.

The post Андоновиќ: Импичментот на Трамп казна за злоупотребата на претседателската должност или опасно извртување на Уставот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....