Секој деветти граѓанин на Србија има членска книшка на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ, покажува анализата што ја направи nova.rs.
Заклочокот е дека со 750 илјади членови, српската владејачка партија наскоро ќе го надмине Сојузот на комунистите на Југославија, кој некогаш брое околу 900 илјади членови.
До ваков заклочок е дојдено со споредување на вкупниот број жители на Србија од приближно 6,9 милиони, и 750 000 членови на СНС, со што се доаѓа до едноставната пресметка дека секој деветти граѓанин во Србија е член на владејачката партија.
За споредба, за време на СФРЈ, со вкупно 23,3 милиони жители, во еднопартиски систем, СКЈ имал околу 900 000 членови, или секој 25-ти граѓанин бил член на партијата.
Во анализата направена е споредба и со другите земји и членството во владејачките партии, при што примерот на Србија станува уште посериозен.
Случајот со Србија не може да се спореди ниту со Кина, каде секој 15-ти жител е член на единствената партија – Комунистичката, ако се спореди бројот на жители од 1,39 милијарди со 90 594 000 партиски членови.
Во Русија, пак, дури секој 70-ти жител е член на владејачката партија на претседателот Владимир Путин, ако се спореди бројот на жители од околу 147 милиони со бројката на членови на владејачката партија од 2 073 772.
Европските земји како Франција и Германија се далеку од овие бројки. Но колку за споредба, на пример, во Франција секој 157 жител е член на партијата на претседателот Емануел Макрон, имајќи предвид дека земјата има 66,99 милиони жители, а партијата Репувлика има 419 435 члена.
Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел во Германија брои 407 350 членови, што во споредба со 80 159 662 жители, се добива податок дека секој 197-ми Германец е член на партијата на канцеларката.
The post Анализа: Во партијата на Вучиќ членува секој деветти граѓанин на Србија, неспоредливо со партијата на Путин appeared first on Слободен печат.
Анализа: Во партијата на Вучиќ членува секој деветти граѓанин на Србија, неспоредливо со партијата на Путин was first posted on септември 19, 2020 at 10:50 pm.