2.8 C
Скопје
19:14 - 24 декември, 2024

Ампева: Институциите да престанат да си ја префрлаат топката и да почнат да си ја вршат работата (ВИДЕО)

Бројката на заразени во текстилната индустрија од КОВИД-19 е иста. Како што кажа и градоначалникот ова можеби е трет бран во Штип. Одговорноста не е само кај работодавачите. Имате институции во државата кои што се платени од сите нас и кои треба да внимаваат доколку некој не се придржува до мерките и препораките, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

-Од друга страна ние имаме работодавачи кои се научија да не вложуваат во механизација и автоматизација на производството. Сега се жалат како нема нарачки и слично. Ние и претходно предупредувавме за можните проблеми кои би настанале од КОВИД-19, вели Ампева која вели дека има и работодавачи кои немаат никаков проблем бидејќи со години платите биле шест, седум осум илјади денари.

-Не верувам дека досега не направиле залихи за да не можат да исплатат плати. Јас сметам дека немаат идеја и само се бараат финансии а никој не ги прашува работниците колку им е на нив тешко, вели Ампева.

Целиот разговор со Ампева во која таа говори за проблемите со кој што се соочуваат текстилните работници погледнете во видеото.

The post Ампева: Институциите да престанат да си ја префрлаат топката и да почнат да си ја вршат работата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Ампева: Институциите да престанат да си ја префрлаат топката и да почнат да си ја вршат работата (ВИДЕО) was first posted on јули 27, 2020 at 9:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....