14.8 C
Скопје
07:22 - 2 мај, 2024

Америка во канџите на короната – трет ден рекорден број на новозаболени лица (ФОТО)

Во САД во изминатите 24 часа уште 69.000 лица се инфицирале со новиот коронавирус, што е трет ден по ред како се регистрирани рекорден број на новозаболени луѓе.

Во девет американски сојузни држави – Алјаска, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Лујзијана, Монтана, Охајо, Јута и Висконсин пријавени се рекорден број на заразени лица во еден ден.

– Во САД во изминатите седум дена починаа над 4.200 луѓе од последици од новиот коронавирус, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може да продолжи да се влошува од ден во ден, објави „Вашингтон пост”.

Досега во САД инфицирани се над 3,1 милиони луѓе, а болниците во сојузните држави, кои се жаришта на заразата, се пренатрупани.

Расте бројот на заразени лица со Ковид-19 во последните две недели во 44 американски сојузни држави.

Луѓе со заштитни маски чекаат да влезат во Меморијалната регионална болница во Холивуд, Флорида, САД, на 08 јули 2020 година/ Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Повеќе од десет болници во Флорида соопштија дека одделенијата за Интензивна нега се пополнети.

Флорида деновиве пријавуваше дневно повеќе случаи отколку било која земја во Европа, наведува Ројтерс.

The post Америка во канџите на короната – трет ден рекорден број на новозаболени лица (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Америка во канџите на короната – трет ден рекорден број на новозаболени лица (ФОТО) was first posted on јули 11, 2020 at 9:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....