2.8 C
Скопје
20:02 - 23 декември, 2024

Амбулантите на Пулмологија се селат во монтажен објект, ќе профункционира и „Мој термин“

Амбулантите на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се преселат во нов монтажен објект кој ќе треба да биде изграден за еден месец. Како што објаснува директорот на оваа клиника, проф. д-р Дејан Докиќ, во старата зграда каде сега се сместени амбулантите нема услови за преглед на пациентите во услови на пандемија. Монтажниот објект ќе биде поставен на паркингот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Во амбулантите каде сега се прегледуваат пациентите може клиниката да стане извор на зараза на новиот вирус.

– Нашите пациенти заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризична група за добивање на ковид-19 како и за развивање на тешки компликации од вирусот. Затоа и мораше да се најде решение за амбулантата која сега е заедно со другите амбуланти на интерните клиники, и замислете имаме амбуланти без прозор. Тоа е неизводливо – вели Докиќ.

Во новите простории ќе има четири посебни амбуланти во кои истовремено ќе се прегледуваат пациенти како и уште шест други простории во кои ќе се изведуваат дијагностичките процедури.

– Сега дијагностичките процедури се вршат во една просторија, што во услови на пандемија не би требало да се прави. Уште кога се правеле амбулантите на тоа требало да се мисли, но добро е што сега се најде слух, за овој проблем да се реши – објаснува директорот на Клиниката за пулмологија.

За да почне да се одвиваат градежните работи се чека министерот за здравство Венко Филипче да го потпише договорот со фирмата изведувач. Рокот во кој треба да се монтира контејнерот и да се стави во функција е еден месец. Откако новата амбуланта ќе почне да работи ќе почнат да се закажуваат и пациенти во „Мој термин“.

Докиќ уверува дека, иако објектот ќе биде монтажен, ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа. Пациентите тука ќе се прегледуваат се додека не биде готов новиот Клинички центар.

Просториите каде сега се сместени амбулантите на Клиниката за пулмологија ќе бидат отстапени на другите клиники.

Докиќ објаснува и дека сега немаат нови случаи за заболени од ковид-19 меѓу вработените, освен оние случаи на почетокот. Тогаш вирусот во клиниката го донела медицинска сестра. Иако на клиниката може случајно да биде примен и пациенти со ковид-19 сепак, досега не се случило тој да биде извор на зараза на други пациенти или на здравствени работници.

– Може да се случи некој пациент да биде донесен како итен во тешка состојба и да мора да се прими без да се чека тестирање за ковид -19. Но откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба тој се префрла на Инфективната клиника или во „8 Септември“. Болничкиот дел каде пациентите се лекуваат е поделен во три зони, црвена каде се пациенти со новиот вирус, жолта каде се сомнителните и зелена зона каде се пациенти со други пулмонални заболувања – објаснува Докиќ.

Тој потенцира дека сите граѓани, но особено пациентите со хронични болести, треба да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Ова е втор монтажен објект во кругот на Клиничкиот центар. Во време на пандемија во близина на Инфективната клиника се изгради и монтажна болница каде се лекуваат пациентите со ковид-19.

Инаку зградата на Интерни клиники е најстара зграда во кругот на Клиничкиот центар за која неколку пати досега имаше најави дека ќе се руши и ќе се гради нова. Но најавите се одложија откако беше одлучено новиот клинички центар да се гради во Веле Поле, општина Ѓорче Петров и тој беше најавено дека ќе биде готов за четири години.

The post Амбулантите на Пулмологија се селат во монтажен објект, ќе профункционира и „Мој термин“ appeared first on Слободен печат.


Амбулантите на Пулмологија се селат во монтажен објект, ќе профункционира и „Мој термин“ was first posted on јуни 23, 2020 at 11:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....