-3.2 C
Скопје
03:31 - 23 декември, 2024

Албанија ги затвора сите гранични премини и авиосообраќајот со Грција

Албанија од утре ја затвора границата со Грција, што подразбира забрана за влез и излез и преку воздушен и преку копнен пат, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама.

– Почнувајќи од утре од 10 часот се забранува влез и излез со Грција. Значи се забранува како воздушниот, така и патниот сообраќај. Страв најмалку, внимание да, напиша Рама.

Албанија денеска потврди 10 нови случаи на коронавирус, со што бројот достигна 33, а како што предупреди Рама се очекува бројот да се зголеми.

Рама преку видео порака, исто така, предупреди дека „строгите мерки ќе бидат уште построги”.

– Мора да знаеме дека бројот ќе се зголеми, бидејќи како што ни објаснува глобалното искуство, епидемијата не е во наша моќ да ја запреме, туку само да ја успориме со мерки, нивно зајакнување, додава Рама.

Поради забраната за меѓуградскиот сообраќај од Тирана и Драч кон Скадар, Фиер, Елбасан, Лежа, Љушња и Валона и движењето на приватни возила, но и зголемиот број заразени, паричните казни кои ги најави Владата за сите оние кои не ги почитуваат препораките, градовите се празни.

The post Албанија ги затвора сите гранични премини и авиосообраќајот со Грција appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....