-3.2 C
Скопје
03:33 - 23 декември, 2024

Ако е бал, нека е маскенбал!

Францускиот литерарен гениј Марсел Пруст некаде има речено: „Оставете им ги убавите жени на мажите без фантазија“…

Не ми е намерата да ја проблематизирам оваа елиптична мисловна бравура на Пруст како потенцијално навредлива за убавите жени; а уште помалку да влезам во расправија што би била полна со машки предрасуди за тоа што се смета, ако воопшто не постои, убавина кај жените – но цитатот ми се виде како извонредна парабола за состојбата со македонската политика: политиката, имено, во Македонија, никако не спаѓа во категоријата на која било прустовска дефиниција за „убавите жени“, па затоа со неа не е препорачливо да се занимаваат политичари без фантазија!

Токму така: Македонија со децении најчесто произведува компликувани (да не кажам неубави) политички ситуации кои бараат ангажман на политички лидери со исклучително развиена имагинација. Таков политички лидер, несомнено, е Зоран Заев.

Според тоа, кога ќе ја видите „раскошната убавина“ на резултатите на овие избори и кога ќе ви помине желбата, од која било партиска перспектива, да се прашате што будала народ живее во оваа држава за да (не) гласа вака и за „овие“, ви препорачувам веднаш да се зафатите со анализа на фантазијата на Заев за тоа како ќе ја реши и оваа, уште една во низата „вратоломни“ ситуации, во полза на подобрата перспектива на нашата грда, мила, македонска политичка реалност…

Во таа смисла, предлагам една, можеби имагинарна, но работна хипотеза: во опозиција на идната влада на Македонија ќе останат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на кои друштво ќе им прават нашите пресни парламентарни леви национал-социјалисти. Вмровците за да си ги „лижат“ раните од уште еден во низата изборно-референдумски порази во „ерата на Заев“ (што рече некој на Фејсбук, за нив, и на овие избори: „Да не е СДСМ, ние сме победници!“), а ДУИ за да размислува барем еден опозициски мандат како им се случи „итриот предизборен ултиматум“ за „премиер Албанец“ да им се удри постизборно од глава…

Национал-социјалистите нема да размислуваат за ништо, бидејќи се зафатени со понатамошно приземно штанцање омраза.

Се разбира дека оваа хипотеза е крајно рискантна и е на магичниот раб самата да се „прекомбинира“, бидејќи наспроти неа стои леснотијата на составувањето и на следната влада од, доминантно, редовите на СДСМ и ДУИ. Тоа, дури, можеби би било и сосема логично, иако продолжено лицемерно, со оглед на меѓусебните антипатии на досегашните коалициски партнери во претходната влада. Но, ете, макар заради политичка декаденција, повторно да се обложиме во „фантазијата“ на Заев за флертот со уште една „невозможна мисија“ со која ќе нè одведе на „следното ниво“ во неговиот проект за „Едно, европско, општество за сите“.

Оти, да повториме, модерната македонска политика ќе се дели на „пред“ и „по Заев“. Па, ако е бал, нека е маскенбал!

The post Ако е бал, нека е маскенбал! appeared first on Слободен печат.


Ако е бал, нека е маскенбал! was first posted on јули 17, 2020 at 9:13 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....