1.8 C
Скопје
19:21 - 19 декември, 2024

Ајде да бидеме херои и да останеме дома!

Од денеска и официјално во земјава се воведува полициски час, а мерката ќе важи од 21.00 часот навечер до 6.00 часот наутро. Веќе неколку дена сме во вонредна состојба поради коронавирусот, денеска стигнавме до трицифрен број на заразени – 114 лица, а бројката на заразени допрва ќе почне да расте.

Додека властите активно уште од првиот ден даваат препораки и преземаат мерки, дел од граѓаните упорно ги игнонираат, па бидејќи не може да се оди во кафеани и кафулиња, масовно се полнат парковите.

Чест на исклучоци, кои е фер да се каже дека ги има и навистина ги почитуваат мерките, никако не излегуваат од дома освен ако тоа им е неопходно, редовно носат маски и ги почитуваат сите останати правила во оваа непосакувана ситуација.

Ова е мрачен период во историјата на светско ниво, доста повозрасни луѓе кои сведочеле на многу работи претходно никогаш не се соочиле со вакво нешто, а Македонија како независна земја првпат е во вонредна состојба.

Слободно можеме да кажеме дека властите веројатно и за првпат со полна пареа активно работат во интерес на граѓаните. На чело со министерот за здравство Венко Филипче, сите други доктори, полицијата и армијата, како и останатите функционери неуморно се залагаат за подобрување на работите и навистина воведуваат ефикасни превентивни мерки за заштита од смртоносниот Ковид 19.

Примедби и замерки на нивната работа имало и ќе има, меѓутоа, сега кога стана евидентно дека конечно некоја власт во Македонија работи во корист на својот народ, па макар тоа било и во вонредна состојба, оние кои ја изневеруваат сопствената држава и автоматски самите себеси се токму луѓето.

Фотографиите од полните паркови до пред два дена во Скопје алудираат на слабото присуство на свест кај граѓаните, неквалитетната едукација и нулта присуство на самопочит, а да не зборуваме за толеранција и добронаклонет однос кон останатите.

Во време кога владее демократија, во време кога сите сме редовно информирани за ситуацијата со вирусот како во земјата така и во светот, ваквото неодоговорно однесување е апсолутно неприфатливо.

Токму тоа однесување доведе до мерката полициски час, која иако за многумина е апсурдна бидејќи важи само навечер, доколу се случи и најавеното затворање на паркови и патеки во текот на денот, можеби конечно ќе се допре до свеста на просечниот бестрашен Македонец, на кого коронавирусот „не му може ништо“.

Познати сме како „херои“, па ајде да бидеме херои, но во вистинска смисла на зборот, овојпат навистина да останеме дома, бидејќи сега во оваа ситуација со останувањето дома можеме да го спасиме светот и да придонесеме за тоа целото општество повторно да се врати во нормала.

The post Ајде да бидеме херои и да останеме дома! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....