8.8 C
Скопје
18:08 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) Елон Маск го претстави роботот-човек: Оптимус ќе пазари и поправа наместо вас!

„Ќе биде висок малку повеќе од пет метри, тежок 60 килограми и ќе има екран наместо лице. Ќе може да носи 56 килограми и да се движи со брзина од осум километри на час. Можете да го прашате за работи како „оди во супермаркет и донеси ми ги овие производи“, или „те молам, земи го алатот и поправи го автомобилот со тој клуч“. Тој ќе се вика Оптимус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elonmusk

Во Пало Алто, за време на вториот ден на тестирање на AI Day – вештачката интелигенција, токму со овие зборови Елон Маск го претстави новиот, футуристички проект на „Тесла“,  компанија на која е тој основач и извршен директор.

Станува збор за хуманоиден робот чиј прототип се очекува да биде готов следната година и на кој инженерите работатсо употреба на искуството што „Тесла“ веќе го стекна во автоматизирање на автомобили.

„Тоа е двопеден робот за општа употреба способен да извршува небезбедни, повторувачки или здодевни задачи“, објасни Маск, според кого во иднина „физичката работа ќе биде избор: тоа ќе го прават само оние што сакаат да го направат“.

Откако направи револуција во автомобилската индустрија и, со Space X, во вселенската, интересот на Маск сега е насочен кон предизвикот на создавање роботи слични на човекот.

Дали Маск ќе успее во тоа каде што другите не успеаја? Има многумина кои се сомневаат. Бидејќи приказната на „Тесла“ е полна и со имагинативни идеи кои никогаш не биле реализирани. Па така и овој робот од многумина е поздравен со скептицизам.

 

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....