4.8 C
Скопје
03:01 - 21 февруари, 2026

Здравко Чолиќ никогаш не зборуваше за нивната љубов, но актерката ги откри деталите: „Ми посвети песна“

Повеќе од четириесет години Здравко Чолиќ важи за најголемиот заводник во поранешна Југославија.

Популарниот Чола веќе 17 години е во среќен брак со Александра Чолиќ, а неговата сопруга ретко се појавува во јавност и не дава изјави за медиумите.

Љубовниот живот на најголемиот заводник на Балканот пред бракот со Александра бил доста бурен.

Чола на медиумите им откри некои детали од минатото, но ретко зборуваше за својата прва љубов, актерката Јасна Орнели Бери. Но Јасна проговоре за нивната врска и рече дека многу млади се заљубиле во Сараево.

– Секогаш ќе има дел од моето срце резервирано за него – изјави Јасна во една емисија.

Јасна била една од најубавите сараевски девојки во времето кога се забавувала со Чола, денес таа е успешна актерка.

– Првпат по војната се сретнавме во Белград, тоа беше многу трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма и денес. Но пред се, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“ – која самиот ја напиша, изјави Јасна.

– Не можам да кажам дека се забавувавме или излегувавме. Тоа е посебен однос кој продолжува и денес. Тоа е и понатаму љубов која не можеш да ја помилуваш или да ја држиш за рака. Здравко секогаш ќе биде сечиј и ничиј – вели неговата поранешна љубов која се уште има силни чувства кон популарниот пејач, пренесува Индекс.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....