Со емотивно видео, Живкица Каленикова ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка Ана која наполни 12 години.
Каленикова, која важи за една од најомилените телевизиски личности кај нас, ја сподели радоста со своите следбеници.
На објавеното видео, таа сподели повеќе слики од Ана со браќата Даријан и Марко, од нивните семејни одмори и од домашните моменти со ќерката.
„Среќен роденден моја среќна ѕвездо. Те сакам до месечината и назад“, напиша Живкица за ќерка си.
View this post on Instagram
Меѓу првите кои упатија убави желби беа пејачката Ребека Јанковска-Ристески, која ја нарече Ана „ѕвездичке“, како и водителката Билјана Дебарлиева.
За своето семејство и за нејзината љубов кон кулинарството, водителката у авторка на емисијата „Жилет“ зборуваше во „Слободен печат“.
„Сакам убава храна, сакам убаво да си јадеме, сакам да им зготвам на децата, така ми останало од мајка ми. Најубав комплимент ми е кога ќе влезат дома и кога ќе кажат: ‘Мириса како кај Нанче – кај мајка ми’. Тоа ми е најубавото нешто кога ќе го слушнам“, со носталгија, но и со насмевка се сеќава Жиле.
„Правам преубаво оривче во тавче, она ‘најбапското’, она што од мајка ми сум го научила како рецепт, растурена сарма, што и јас многу ја сакам, полнетите пиперки што ги обожаваат децата – и јас ги сакам, компир манџа. Зборувам за оние традиционални јадења“, додаде водителката.
