15:20 - 7 ноември, 2026

„Да прифатиш брак без страст на 35 години…“: Емина Јаховиќ ја откри причината за разводот

Емина Јаховиќ конечно проговори за причините поради кои стави крај на бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал.

По години молк и бројни шпекулации во јавноста, пејачката реши отворено да ја раскаже својата страна од приказната.

„Никогаш не се покајав што се разведов и му благодарам на Бог што беше така. Им советувам на жените добро да размислат, особено кога се во прашање децата, бидејќи понекогаш луѓето сакаат да се разведат од неважни причини“, изјави Јаховиќ.

На прашањето дали нејзините причини биле „неважни“, таа одговори:

„Мојот развод не беше неважен, но не беше ни нешто драматично. Никој никого не изневери или слично, едноставно работите згаснаа. Имав 35 години – да прифатиш на тие години да живееш во брак во кој нема страст и енергија… Не зборувам само за физичка страст, туку за тоа двајцата да се трудат еднакво и да бидат усогласени. Кај нас тоа се наруши, и тоа започна три години пред разводот“, откри пејачката.

Љубовната приказна на Јаховиќ и Сандал со години беше во фокусот на медиумите и важеше за една од најпознатите српско-турски романси.

Двајцата се запознале на почетокот на 2000-тите во Истанбул, каде што Емина ја започнувала својата меѓународна кариера. Како што самите изјавуваа, веднаш почувствувале силна поврзаност – и приватна и професионална.

Се венчаа во 2008 година во Истанбул, на интимна церемонија која медиумите ја опишаа како спој на две култури. Во бракот добија два сина, а иако често беа под лупа на јавноста, настојуваа семејниот живот да го задржат далеку од очите на медиумите.

По десет години брак, нивната приказна сепак заврши со развод, по што следуваа и правни несогласувања, а односите меѓу поранешните партнери дополнително се влошија.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....