5.8 C
Скопје
07:00 - 1 април, 2026

ТРОГАТЕЛНА ПОРАКА ОД СОПРУГАТА НА ЃОКОВИЌ: Длабоко вдишувам за да се смирам и да најдам благодарност и разбирање за сè што се случува сега.

Јелена Ѓоковиќ најголемиот христијански празник ќе го прослави со семејството, но без својот сакан Новак, со оглед на тоа што тој сега е сместен во хотел за имигранти во Австралија и наскоро треба да биде вратен во Србија, доколку не се донесе одлука дека може да игра во „ Австралија опен“.

Токму на големиот празник Јелена преку својот Инстаграм профил испрати трогателна порака, а дека љубовта и поддршката се единствените важни работи во животот докажува и фотографијата на која позира со Новак и нивниот миленик.

– Среќен Божиќ на сите кои го слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, сигурни и заедно со своите семејства. Би сакала денес моето семејство да биде заедно, но се тешам што сме барем здрави. И ние ќе пораснеме од ова искуство – напиша таа и додаде:

– Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Длабоко вдишувам за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува сега. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме без разлика каде сме е Љубовта и Почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....