7.8 C
Скопје
07:13 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЖЕШКИОТ БРАН: Од кога, колку долго ќе трае и колку степени нè чекаат?

Славчо Попоски, метео прогнозер, објаснува попрецизно за топлиот бран кој следува.

– Во следните часови, облачноста од запад и југозапад ќе се зголемува и особено во јужните и југозападните предели ќе има услови за краткотраен локален слаб дожд.

Што се однесува до времето за новата недела која што ни започнува од понеделник, како што најавиме нашата територија ќе биде зафатена од ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, и истата ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот.

– Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени, објаснува Попоски. 

За време на овој топол бран и период, во Скопје и околината максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 31 степен.

НАПОМЕНА: Температурите на воздухот кој се очекуваат од понеделник па натаму, ќе бидат НАД ПОВЕЌЕГОДИШНИОТ просек. Што значи дека ќе биде натпросечно топло. Барем одсега гледано, позначителен пад на температурите на воздухот се очекува дури од следниот викенд.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....