11.8 C
Скопје
20:27 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Внимание, продор на постудена воздушна маса од север, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот особено во западните предели повремено ќе засилува на интензитет. Претпладнево по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 22 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината претпладнево ќе има појава на магла и на ниска облачност, додека во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 19 степени.

Според Попоски од  утре во текот на денот постепено облачноста ќе се зголемува, додека за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за послаби локални врнежи од дожд.

– Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени, додека од недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....