3.8 C
Скопје
22:45 - 6 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Нè удира голем влажен бран, снег пак – еве каде!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и на ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови, и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува и во западните предели ќе има локални врнежи од дожд, а на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината претпладнево ќе има појава на слаба магла и на ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер, како и во текот на ноќта повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски, под влијание на ПОГОЛЕМ влажен бран, утре и во вторник времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2), додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежи од снег ќе има и на повисоките места, а во вторник услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Во вторник снежна покривка ќе се формира и на некои места со надморска височина од под 1000 метри. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во вторник истиот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека во вторник истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Повеќе сонце и стабилно време ќе имаме во среда, додека поради разведрувањето утрото ќе биде СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени. Нов влажен бран се очекува од четврток навечер и во текот на ноќта кон петок.

Слични објави

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

E.A.

(Фото) Голема прослава во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: „Твојата насмевка е моја среќа“

Еспресо
Се вчитува....