14:40 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Кој да си земе чадор и гумени чизми, еве кога…

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, од утре, па натаму ќе има зголемена облачност проследена со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повеќе застапени ќе бидат во западните и во јужните предели од државава, и истите таму ќе бидат со умерен интензитет, додека во останатите предели ќе бидат со послаб интензитет. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, додека во вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека пониски температури ќе имаме од среда и истите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....