18:11 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Голем распон на минималните и максималните температури, внимавајте на здравјето!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот на некои места повремено ќе засилува на интензитет, додека во текот на претпладнево, и тоа особено на југоистокот ќе има услови за слаб локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Наутро ќе биде студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....