7.8 C
Скопје
05:56 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дали денес ќе нè израдува снегот?

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Доцна попладне и во вечерните часови ќе има услови за локално провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Според Попоски,  за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Утре ќе има услови за локално провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени. Повеќе сончеви периоди се очекуваат во првите денови од следната недела.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....