03:40 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Еве кои жители на Македонија ќе му се радуваат на снегот!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Локално ќе има услови и за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски,  под влијание на студена воздушна маса, утре и тоа особено претпладне ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната покривка на планините ќе се зголемува, а формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на повисоките места. Поради заладувањето, услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места, особено во северните и западните предели. Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен и северозападен ветер, додека температурите утре ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

– Поради разведрувањето, особено студени утра ќе имаме во среда и четврток, кога наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека на планинските места понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени -заклучува Попоски.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....