03:02 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Еве кога ќе нè огрее последното најсилно сонце за годинава!

– Денес времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер и тоа особено долж Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северен правец. Во западните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Според Попоски, од утре и во сабота времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, додека посончево време ќе имаме во недела. Ќе дува и слаб до умерен, а утре и во сабота и тоа особено долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Ново зголемување на облачноста, кое ќе донесе повремен локален дожд се очекува во почетокот од следната недела.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....