9.8 C
Скопје
14:10 - 31 март, 2026

ОД ЖИВОТ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ДО МИЛИЈАРДЕРКА: Оваа мајка на три деца вака си ја променила судбината!

Пред 10 години едвај врзувала крај со крај, а денес е милионерка – без динар заштеда и ничија поддршка, вели оваа самохрана мајка на три деца.

Рејчел Педерсен е Американка која привлече големо внимание со својата приказна. Како што вели таа, пред 10 години била самохрана мајка на три деца која била на социјална помош. Таа денес без ничија помош, без диплома и без заштеда е успешен претприемачка и сопственичка на две компании кои заработуваат милионски суми, а на Тик Ток ги советува другите како успешно да пливаат во претприемачките води.

Нејзините компании, како што вели, се занимаваат со социјалните мрежи и и носат повеќемилионски приходи. Кога ги основала, Рејчел тврди дека немала ниту диплома, ниту квалификации, ниту заштеда. Сепак, таа решила да се обиде.

– Мојот прв чекор беше да станам менаџер на социјалните мрежи. Без претходно знаење ја прифатив работата и само првата година заработив 119 илјади долари! Наскоро почнав да заработувам околу 90.000 долари месечно, а денес месечно заработувам двојно повеќе – вели таа.

Таа вели дека своето знаење го стекнала на Јутјуб.

– Нема потреба да трошите пари на скапи курсеви. На Јутјуб знаењето се нуди бесплатно. Таму научив се што знам – објаснува Рејчел.

– Ако велите дека немате време, се лажете себеси. Едноставно, наместо времето што го користите за гледање серии или играње игри, седнете и учете на Јутјуб. Ќе ви се исплати, ќе видите – тврди таа, додавајќи дека треба веднаш да почнете, наместо да чекате да го продлабочите вашето знаење.

– Сè што ќе научите применете веднаш. Не чекајте да станете експерт. Секој ден ќе научите нешто ново, а ако чекате, само си го губите времето. Можете да започнете со едноставни задачи, како што се уредување видеа, водење мала страница на социјалните мрежи или со транскрипција. Попатно ќе научите – заклучува Рајчел.

Слични објави

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova
Се вчитува....