-1.2 C
Скопје
04:00 - 22 ноември, 2024

Најголеми љубови: Љубовниот триаголник на Бајрон со неговата полусестра Августина и грофицата Тереза Гвичоли

Џорџ Гордон Бајрон станал лорд на 10-годишна возраст. Тоа му била предност во животот, но со раѓањето го снашле две големи несреќи – психички нестабилна мајка и деформирано стапало. Бидејќи имал проблеми со одењето, тоа го надоместувал со успесите во вода, па станал совршен пливач. Цел живот се борел и со проблемот со дебелината, често постел, гладувал, пиел лекови.

Engraving ….ByronCorbis….Porter.

Publiée par Porter Alan sur Vendredi 6 mars 2020

Своето прво сексуално искуство го имал веќе во 9-та година, а за тоа била заслужна семејната дадилка, Меј Греј. Дадилката, инаку, била многу побожна, го учела Бајрон на цитати од Библијата, но во текот на трите години додека се грижела за него, ја користела секоја прилика да му се вовлече во кревет. Меј му дозволувала на Бајрон да ја гледа додека таа водела љубов со своите љубовници. Кога дошло време за сексуална активност, младиот Бајрон веќе бил искусен.

Во текот на средношколските и универзитетски денови во родниот Лондон и Кембриџ, бил организатор на оргии, но имал и две постојани љубовници. Една од нив, која се облекувала во машки костуми, ја претставувал како роднина. Скандалот се случил кога во еден хотел кадешто биле заедно, роднината имала спонтан абортус.

Elizabeth Milbanke Lamb, Viscountess Melbourne, was one of the first to issue an invitation and soon prided herself on…

Publiée par Porter Alan sur Jeudi 30 janvier 2020

Брзо се стекнал со слава. Но, поетот, романтичар, познат по својот бунт против општеството, особено изразен во поезијата, но и во скандалите на кои бил склон, ја напуштил татковината по разделбата со својата сопруга Анабел Милбенк (1816).  Една од причините за преселувањето во Италија биле и гласините за неговата инцестуозна врска со неговата полусестра Августина. Пред да ја напуши Англија се случил скандалот и со врската со Клара Клермонт, која била 17 години постара од него.

About the depart to exile of Byron and his separation from his wife,Annabel Milbanke!

Publiée par Maria Barrô sur Mercredi 19 février 2020

Августина Леа, полусестрата, ја завел во јули, 1813. Девет ипол месеци подоцна, Августина родила ќерка, Медора. Бајрон бил горд што станал татко, но за да ги замолчи гласините за инцестот, набрзина се оженил со Анабел Милбенк која се надевала дека може да го промени. Бракот траел само седум години и бил катастрофален. Самата Анабел, откако му родила ќерка, Августа Ада, побарала од судот развод.

**Ada Lovelace**, in full **Ada King, countess of Lovelace**, original name **Augusta Ada Byron, Lady Byron**, (born…

Publiée par Peachy Llamas sur Lundi 20 janvier 2020

Ada ,Byron's daughter in 3 stages of her life as a little girl,when she got married and been sketched by her mother…

Publiée par Maria Barrô sur Vendredi 21 février 2020

Во Венеција, Клара Клермонт му родила вонбрачна ќерка, Алегра, која живеела со него. Пресвртница во неговиот живот се случила со средбата со Тереза Гвичоли, контесата Гамба – Гизели, сопруга на грофот Александар Гвичоли. Како пријател на нејзиниот татко и брат, се приклучил на карбонарите. Тоа го одвело во Грција, во 1824 година, каде пак, се приклучил на националната војска во борба за ослободување.

Во мигот на смртта, покрај него било најдено неговото недовршено писмо за сестра му, Августина, која му останала најголема љубов.

**To Augusta** **George Gordon, Lord Byron (1788–1824)** ***THOUGH the day of my destiny’s over, ******And the…

Publiée par Peachy Llamas sur Lundi 20 janvier 2020

Сочувани се преписките на Бајрон и контесата Тереза Гвичоли, која исто така, му била љубовница и голема љубов.

Еве што ѝ пишувал во Венеција, на 25. април, 1819 година.

Љубов моја,

се надевам дека го доби моето писмо од 22. упатено на адреса на онаа личност во Равена за која ми зборуваше пред да си заминеш од Венеција. Ми префрлаш што не сум ти пишувал додека бев на село, но како можев? Злато мое најмило, не ми даде никаква адреса освен онаа во Равена. Кога би знаела колку те сакам не би помислила ни на миг дека можам да те заборавам. Мораш подобро да ме запознаеш. Можеби еден ден ќе дознаеш дека навистина те сакам, иако не сум ти достоен.

Сакам да знаеш кого најмногу сакам да го видам, откако си замина. Од кого треперам, и поради кого чувствувам – не тоа што само ти можеш да го предизвикаш во мојата душа, туку нешто слично на тоа…

…Злато мое, животот ми стана здодевен и едноличен. Ни книги, ни музика ни коњи, ни кучиња, ништо не ми пружа задоволство, не ме привлекува женско друштво, а за машко и да не зборувам зашто отсекогаш сум го презирал. Неколку години системски се обидував да ги избегнам силните чувства, зашто премногу патев од тиранијата на љубовта.

…Беше моја, и што и да се случи во иднина, јас сум сега и вечно ќе бидам потполно твој. Те бакнувам илјада пати, но, сакај ме – како секогаш, твојот сакан и верен,

Б.

 

Слични објави

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо

(Фото) Меган Фокс е бремена: Актерката на 38 години го очекува четвртото дете!

Еспресо

(Видео) Кралот Чарлс на тајна древна духовна церемонија во борба со ракот: Медитација, јога и други активности за подмладување

еспресо

(Видео) Марија Спасовска се врати на „Макфест“: За да не биде сама им се врати на неговите погледи со… – „Страв“ 

еспресо

(Видео) Продадена е куќата на Метју Пери во која почина: Еве која славна личност ја купи и за која цена

еспресо

(Фото) „Доаѓам да им ги излечам срцата на македонските обожаватели“: Марија Шерифовиќ го најави концертот во Скопје на 2 ноември

Еспресо
Се вчитува....