03:21 - 7 јули, 2026

Кралот Чарлс Трети не е единствен со дијагноза на рак, ова е историјата на болеста во кралското семејство

Вчера низ светот се прошири веста за болеста на кралот Чарлс Трети (75) на кој му беше дијагностициран рак, но се уште не се знае за каков вид на рак се работи. Минатиот понеделник, кралот беше пуштен од болница, по тридневна хоспитализација во која имаше рутинска операција за зголемена простата.

Дедото на Чарлс имал рак на белите дробови?

Дијагнозата на кралот отворено им била соопштена на Британците и на остатокот од светот, додека неговите предци се обидувале да ги сокријат своите здравствени досиеја. Дедото на Чарлс, Џорџ VI, бил тежок пушач. Поради „структурни абнормалности“ му е отстрането левото белодробно крило, но наводно станува збор за рак, пишува The Telegraph.

Починал само пет месеци по операцијата, а лекарите на Џорџ ја криеле дијагнозата од јавноста. Кралот боледувал и од васкуларна болест, па се претпоставувало дека тоа е причина за коронарна тромбоза, но подоцна се зборувало дека се случила по ширењето на ракот.

Болни биле и родителите на Елизабета Втора

Телеграф пишува дека мајката на кралицата Елизабета Втора, Елизабета, исто така боледувала од рак. Вилијам Шокрос во својата постхумна биографија напишал дека кралицата мајка двапати била лекувана од оваа тешка болест.

Во 1966 година била оперирана и и бил отстранет тумор од дебелото црево. Кларенс Хаус тогаш изјави дека била подложена на абдоминална операција за отстранување на некакво запушување. По 18 години таа повторно завршила на операција, се тврдеше дека е на „тестови“ во болница, но вистината била отстранување на тумор од градите. Кралицата Мајка Елизабета почина во 2002 година на 102-годишна возраст.

И нивната ќерка, кралицата Елизабета Втора, наводно починала од рак. Телеграф пренесува детали од биографијата „Кралица Елизабета: Интимен портрет“ во која Гајлс Брандрет пишува дека кралицата боледувала од миелом, ретка форма на рак на коските. Авторот бил пријател со принцот Филип и наведува дека лекарот на кралицата бил свесен за нејзината здравствена состојба.

– Навистина не сакав никого да вознемирувам, но ако тоа се потврди, а еден ден ќе биде, барем јас како новинар  ќе кажам што се случи – изјави Брандрет откако неговите тврдења предизвикаа дискусии.

Рак на дојка, рак на белите дробови, карцином на базалните клетки…

Принцезата Викторија, ќерка на кралицата Викторија и принцот Алберт, починала од рак на дојка во 1901 година, пишува US Weekly. „Ју-Ес викли“ исто така наведува дека, според книгата на Џејн Ридли „Берти: Животот на Едвард VII“, кралот Едвард VII бил опериран од карцином на базалните клетки лоциран веднаш до неговиот нос.

На кралот Едвард Осми пак, му бил дијагностициран рак на грлото во 1971 година, а бил страсен пушач. Тој почина веќе следната година.

Војвотката од Јорк, Сара Фергусон во јуни минатата година откри дека боледува од рак на дојка, а потоа во јануари годинава објави дека има уште една дијагноза, малигнен меланом, пишува US Weekly.

Слични објави

(Фото) Мајката на Ким Кардашијан реагираше на венчаницата на Тамара Калиниќ! Еве што ѝ кажа, со еден збор

Еспресо

(Видео) Лудо е, но чувствувам дека е до мене: Наталија со емотивно видео посветено на Андреј од „ДНК“

СП.

Благоја Чоревски и Магдалена прославија 50 години брак: „Една од најзаслужните за тоа што сум денес е мојата сопруга“

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледаат бурмите на Тамара Калиниќ и моќниот Италијанец: Имаат посебна посвета, едната е напишана на кирилица

Еспресо

(Фото) Најпровокативно издание на Лара – помладата ќерка на Чолиќ позираше во подвески

Еспресо

(Фото) Не проговорила до тригодишна возраст, а денес е ученичка за пример – Јована Јеремиќ со солзи радосници за ќерката Леа

Еспресо
Се вчитува....