5.8 C
Скопје
06:34 - 1 април, 2026

КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА 2022 ОД ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА: Не верувајте им…

Познатата глумица Весна Петрушевска, сега актуелна со телевизиската емисија Агенда 21 која ја водат заедно со колегата Игор Џамбазов, на социјалната мрежа Фејсбук сподели корисни совети за новата година. Па веруваме дека доколку ја послушате и почнете да ги практикувате советите од Весна, ќе бидете посреќни во 2022, и вие и оние околу вас.

1. Не отварајте бизарни и вести кои нема ама баш никако да ви го разбистрат умот, напротив затапуваат.

2. Бидете храбри.

3. Сторете нешто со вашиот живот и учете ги вашите деца на здрав живот, читање книги и кријте им ги гаџетите барем три пати неделно (не е кривично дело).

4. Не верувајте на политичарите секогаш е ПР, верувајте на сопствениот ум, инстинкт и волја.

5. Бидете свои и кога грешите.

Таа објавата ја дополни со надеж дека „следните наслови во медиумите ќе бидат исполнети со успесите на млади деца актери, со актери кои растураат на сцена и дека тоа ќе бидат главни вести,  а не оние шушумиги како *срушиле* инстаграм со очајна потреба за лајкови и кликови“.

Весна советува и да се грижиме за родителите додека ни се тука, зашто „кога ќе изгубите родител веќе сте потполно сами и неутешни“, сеќавајќи се на својот татко за кого вели дека ѝ бил инспирација со широката насмевка.

И, надоврзувајќи се на Весна, екстра совет и од нас:
СМЕЈТЕ СЕ ПОЧЕСТО ВО НОВАТА ГОДИНА!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....