7.8 C
Скопје
15:14 - 22 декември, 2024

Изгледа едноставно: Четири трикови како да направите помфрит вкусен како во ресторан

Пржените компирчиња поради многу причини важат за омилена храна на сите генерации и тоа насекаде во светот. Но тука се појавува проблемот околу нивното подготвување. Имено, компирчињата пржени во ресторан или пак во продавниците за брза храна секогаш се повкусни отколку оние кои ние самите си ги подготвуваме дома. Затоа, доколку сакате и вие во вашата кујна да подготвите вкусни пржени компирчиња кои имаат идентичен изглед и вкус како и оние купени надвор од домот, препорачливо е да се придржувате кон следните неколку правила.

Одберете го вистинскиот вид на компир

Сигурно досега многупати сте се запрашале кој е вистинскиот вид на компир кој би бил најсоодветен за подготовка на пржени компирчиња, земајќи го предвид фактот што на пазарите има најразлични видови компири. Сепак, одговорот на ова прашање воопшто не е комплициран како што делува на прв поглед. Имено, сè што треба да знаете е дека белиот компир најдобро е да се консумира пржен, а компирот со црвена лушпа е најсоодветен избор доколку сакате компирот да го печете или пак да го варите.

Белиот компир е подобар да се користи за пржење бидејќи во неговиот состав има поголемо количество на скроб и многу малку вода, што помага да се добие карактеристичната крцкавост на пржените компирчиња.

Потребно е да ги поседувате вистинските алати за работа

Сечкањето на убави парчиња помфрит на прв поглед е исклучително едноставна. Сепак, доколку немате соодветен алат за работа, вашите компирчиња нема да изгледаат воопшто декоративно во вашата чинија за сервирање. Прво и најважно за да подготвите на изглед убави пржени компирчиња, потребно ви е да имате остар нож. Потоа, под претпоставка дека немате фритеза во вашата кујна, во тој случај ќе мора да најдете соодветно длабоко тенџере во кое ќе ставите решетка за подготовка на пржени компирчиња.

Компирчињата кои ќе ги исечете на тенки и на долги парчиња, препорачливо е да ги чувате во ладна вода сè до оној момент додека не ги ставите да се пржат. Во спротивно излупените и исечкани компирчиња можат да потемнат и наместо на трпезата да завршат во вашата канта за отпадоци.

Подготвените компири потребно е да ги пржите во загреано масло. Доколку ги ставите да се пржат во ладно масло за јадење, тие ќе се залепат едно за друго, а крајниот резултат повеќе ќе наликува на пржено пире отколку на пржени и крцкави компирчиња.

Откако компирчињата ќе ја добијат посакуваната нијанса, потребно е веднаш да ги извадите од маслото со цел да спречите тие да впијат поголема количина на масло и да бидат премногу мрсни за јадење.

Отстранете го скробот

Доколку го ставите компирот да стои во ладна вода најмалку четири часа пред да го ставите да се пржи, од него ќе се отстрани непотребното количество на скроб кој се наоѓа во неговиот состав. Со оваа постапка вие индиректно помагате внатрешноста на комирот целосно да се зготви и ќе спречите на вашата трпеза да поставите полупржени компирчиња.

 

Слични објави

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....