06:33 - 10 јануари, 2026

Холивуд го бојкотира, ама тој не се откажува! Доаѓа награда за Џони Деп

Актерот ќе ја добие престижната наградата Доностија – највисокото признание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, што ќе се одржи во септември, а организаторите го нарекоа „еден од најталентираните актери во современата кинематографија“.

Џони Деп го даде своето прво интервју по случајот со весникот „Сан“, поточно со објавениот наслов во овој весник дека актерот ја тепа жена му, а судот пак одлучи дека ова е „суштинска вистина“. По тринеделното судење во 2020 година, судот утврди дека обвиненијата против секс симболот се добро основани и донесе одлука дека тој ја нападнал поранешната сопруга Амбер Херд во неколку наврати.

Од овие причини, Деп во интервјуто тврдеше дека поминал низ „непријатна и хаотична ситуација“ и дека бил под „бојкот“ од страна Холивуд.

Но, иако обвинувањата вклучуваа напад, сепак, не стануваше збор за кривично дело, а во меѓувреме, Деп го тужеше „Сан“ за отштета – така што, на крајот, тужителот не беше прогласен за виновен за какво било дело.

Кратко време по судската пресуда, „Ворнер Брос“ му го заврти грбот на Деп и го „скрати“ за важна улога во филм.

Но, Џони не се откажа и е подготвен е да го промовира својот нов филм „Минамата“ ( во режија на Ендру Левита), снимен по вистинската приказна за воен фотограф кој го документирал труењето на живи јапонски селани во раните 1970 -те години.

Деп понатаму рече дека Минамата нема да биде негов последен филм, и покрај „бојкотот“ од страна на Холивуд, а претходно овој месец беше објавено дека ќе добие награда за животно дело од големиот филмски фестивал во Шпанија. На актерот ќе му биде доделена наградата Доностија, највисоката награда на фестивалот во Сан Себастијан, што ќе се одржи во септември, а организаторите го нарекоа „еден од најталентираните и најразновидните актери во современата кинематографија“.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....