6.8 C
Скопје
22:49 - 16 март, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ ЗА ДЕНЕС ПРЕДЛАГА: Печени пиперки со лук

Сезоната на зимници е во тек. А на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни предлага рецепт за печени пиперки со лук.

фото: приватна архива
Состојки:
5 килограми пиперки
100 милилитри вински оцет
3 главици лук (ситно сецкан)
120 милилитри масло за јадење
сол по вкус
бибер во зрно по вкус

Подготовка:

Пиперките убаво се мијат и потоа се печат. Се печат рамномерно од двете страни. Внимавајте во печењето да не бидат изгорени. Откако ќе се испечат, оставете ги да изладат. Пиперките можете да ги излупите, но и да ги ставите во тегла нелупени односно со лушпа.
На стана, измешајте вински оцет со масло, сол и ситно сечкан лук. Во садот натопете ја секоја пиперка, па наредете ја во тегли.
фото: приватна архива
Пиперките не треба да ги притискате кога ги ставате во тегла. Внимавајте, теглата да биле два прста празна.
Истурете ја мешавината од оцет, масло, сол и сино сецкан лук во која ги потопувавте пиперките. Лукот во подготовката на овој рецепт е клучен додаток кој не смее да се исклучи.
По желба можете да додадете и свеж магдонос, кој ќе ја збогати аромата.
Затворете ги теглите со целофан оставете ги на ладно место.
фото: приватна архива

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....