19:38 - 10 ноември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ ЗА ДЕНЕС ПРЕДЛАГА: Есенска Смоквача

Од денес, на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ќе ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 

Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни предлага рецепт за Смоквача торта.

фото-приватна архива
– Може ли да помине есен без торта со смокви? Категорично НЕ!, вели Бранко и додава:
Еве ја кралицата Смоквача, но во малку променето издание. Овојпат со индиски орев во крем филот и грчки јогурт.
Следете ги состојките и уживајте во вкусот на есента. 🍁🍂

Смоквача торта

Потребни состојки:
За долниот дел
👉100гр. урми
👉150гр. мелена плазма без шеќер
👉100гр. бадеми
👉 100гр. Ги путер (прочистен путер)
За филот:
👉350гр. маскарпоне (VEGAN)
👉150гр. грчки јогурт со 2% масленост
👉Екстракт од ванила
👉2 лажици мед или маџун (можете и јаворов сируп)
👉150гр. мелени индиски ореви
👉150гр. ситно сецкани свежи смокви
За декорација:
👉Свежи смокви на кругчиња
👉Мед

Начин на подготовка

Во блендер додадете ги урмите и бадемите. Откако ќе се изблендираат состојките, ставете ги во тенџере. Потоа додадете ја мелената плазма и ГИ путерот. На тивок оган растопете го и измешајте ги состојките. Смесата истурете ја во калап за торта. Со рака притиснете цврсто за да се прилепи за калапот. Оставете да отстои во фрижидер.
Во длабок сад додадете го маскарпонето, грчкиот јогурт, екстрактот од ванила и медот. Матете со миксер на средна брзина додека не добиете хомогена смеса. Исецкајте ги смоквите и додадете ги во садот со кремот заедно со мелени индиски ореви. Мешајте со дрвена лажица. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер 10 до 15 минути.
Потоа, филувајте врз долниот дел од тестото рамномерно поставувајќи ја целата смеса. Декорирајте со свежи смокви на кругови и мед.
Вкусно и здраво!
👉Без шеќер!
👉Без брашно
ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....