19:18 - 30 јануари, 2026

(Фото) Прослава во домот на Никола Роквиќ! Тој ѝ се обрати на споругата Бојана со емотивни зборови

Еден од најхармоничните парови на регионалната јавна сцена, Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ, денес имаат посебна причина за славење, Бојана го слави својот 42-ри роденден.

По повод нејзиниот посебен ден, Никола сподели емотивна честитка посветена на својата сопруга на социјалните мрежи:

– Светлината и чистотата на твојата душа е првото нешто што го видов кога те запознав… Таа светлина е сè уште благослов и дар што ме води кон исполнување на мојата цел на овој свет – рече Никола.

Нивната љубовна приказна започна пред 15 години, и тоа на необичен начин – на пуст остров за време на реалното шоу „Survivor“, каде што се запознаа и се заљубија. Иако Бојана е две години постара од Никола, таа разлика никогаш не била тема меѓу нив, а денес тие се горди родители на три деца.

Сепак, не сите фази од нивната врска беа секогаш идилични. Во еден момент, двојката размислуваше за раскинување, што Никола еднаш јавно го сподели:

– Пет години живеевме помеѓу Србија и Америка. Мојата работа страда тука, нејзината таму… Се мачевме многу. Во еден момент рековме дека ќе се разделиме. Потоа повторно ме обзеде чувството на убавина и сфатив дека тоа е благослов – рече Роквиќ.

Слични објави

(Фото) Толку елегантна и убава! Данијела Димитровска објави нови фотографии од венчавката

Еспресо

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

(Фото) Каква убавица: Голема радост за ќерката на Сузана Турунџиева

msp-admin

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Еспресо

Сања Вучиќ ги откри плановите за 2026 година

E.A.
Се вчитува....