14:10 - 27 ноември, 2026

(Фото) Позната учесничка во „Ѕвезде Гранда“ ослабе 100 килограми: Изгледа феноменално, презгодна е и стана русокоса, а понуди за настапи фрчат!

Таа се прослави во натпреварот „Ѕвезде Гранда“, а сега изгледа подобро од било кога!

Крстиња Тодоровиќ се претстави на јавноста за време на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“. Таа со своите вокални способности ги воодушеви публиката и жирито, но во текот на целиот натпревар беше критикувана поради вишокот килограми.

Се чини дека критиките вродија со плод, бидејќи Крстиња направи операција за намалување на желудникот како и затегнување на кожата и ослабе речиси 100 килограми и сега е сосема друга личност.

Имено, пејачката сега ги воодушеви сите со промената на „личниот опис“ со најновите објави на нејзиниот профил на Инстаграм. Крстиња стана секси русокоса, на која секој може да ѝ позавиди на згодното тело и софистицираниот изглед.

Позирајќи во црн фустан до елката, никој не можеше да поверува дека е таа, а следеше лавина позитивни коментари.

Кртиња продолжува да пее, а сега добива бројни понуди за настапи.

Набрзо, на 7 декември за Божиќ, ќе настапи со својот познат колега Саша Матиќ.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....