2.8 C
Скопје
17:53 - 24 декември, 2024

(Фото) „Доаѓам да им ги излечам срцата на македонските обожаватели“: Марија Шерифовиќ го најави концертот во Скопје на 2 ноември

Српската пејачка Марија Шерифовиќ ќе одржи концерт во скопската арена „Борис Трајковски“ на 2 ноември, во рамки на нејзината концертна турнеја „Долази љубав“.

По тој повод, музичката ѕвезда денеска имаше средба со македонските новинари, каде откри што може да очекуваат нејзините македонски обожаватели од концертот во Скопје.

„Поминаа шест години од мојот последен концерт во Скопје, во салата ‘Борис Трајковски’. Јас се сеќавам на тој концерт од 2018 година, мене толку не ми се пееше таа ноќ, толку бев нервозна. Едноставно, таков ми беше денот. Ако ме прашате: ‘Што може да очекува публиката во Скопје?’, навистина не знам што да ви одговорам. Како да знам? Многу фактори влијаат на тоа.

Но, кога ќе излезам на сцената и кога ќе ги чујам сите тие луѓе и кога ќе ја почувствувам љубовта што ми ја праќаат, тогаш сфаќам дека немам право да ми биде лошо. Се сеќавам на тој концерт дека навистина беше посебен и дека целата сала пееше на сиот глас. Се радувам на претстојниот концерт и нека биде еднакво добар како и претходниот“, изјави Шерифовиќ на почетокот од прес-конференцијата.

„Јас доаѓам во Скопје со мојот бенд, како и со целата продукциска екипа, за да им ги поправам душите, да им го излечам срцето и да им подарам најдобар концерт на оние кои ќе дојдат во салата Борис Трајковски“, додаде таа.

На денешната прес-конференција, таа проговори и за односот со својата публика на концертите.

„Контактот со публиката е најважен. Јас си ја сакам својата публика од партерот, сакам таа да ми е близу. Не ги омаловажувам оние кои купуваат билети во ВИП делот, ти си го сакаат својот луксуз, моите најголеми обожаватели се секогаш во партерот. Јас сум дел од музичката сцена веќе 20 години на овој чуден Балкан и секогаш се трудам од секој свој концерт да запамтам барем една насмевка, барем еден лик, барем една приказна“, раскажа пејачката.

Фото: „Слободен печат“/Катерина Стевовска

На прашањето како ја задржала автентичноста во нејзината долгогодишна кариера, таа само потенцираше колку е горда на тоа што е своја и поразлична.

„Минатата година, во август, одбележав дваесет години кариера. Јас не направив ништо посебно, туку мајка ми ни зготви нешто. Не сум сигурна колку би ја посакала оваа моја кариера некому, но јас сигурно сум горда на она што го имам направено. Ни најмалку не е лесно, ни забавно, да се биде поинаков на Балканот. Ова е мој апел за секоја личност која е, на каков било начин, поинаква и своја, да работи на својата самодоверба и да работи на своето ментално здравје.

Мислам дека мојата награда е тоа што јас исто изгледам, исто зборувам во последните дваесет години и воопшто не ми е гајле кој што ќе помисли за мене. Можам само да се заблагодарам на Господ што имам публика која ме слуша“, рече Шерифовиќ.

Што се однесува до гостите на концертот во Скопје, пејачката рече дека сè уште не се знае дали некој ќе настапи со неа на сцената во „Борис Трајковски“.

„Сите мои колеги, кои јас би ги поканила, се работливи луѓе. Не сакам да поканам кого било. Сè уште работиме на тоа да договориме некој гостин, па ќе видиме“, одговори таа.

Слични објави

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....