15.8 C
Скопје
13:20 - 10 март, 2026

Цеца и Карлеуша имаат и нешто заедничко – ист омилен парфем

Без оглед на сите разлики и медиумски тензии меѓу Карлеуша и Цеца, едно е сигурно – и двете имаат одличен вкус за парфеми.

Јелена Карлеуша неодамна промовираше парфем наречен „JA JK“, кој привлече големо внимание од јавноста. Карлеуша е позната со години по својот изразен вкус за парфеми и луксузни мирисни ноти.

Многумина се прашуваа дали нејзиниот нов парфем има слични карактеристики како оние што ги користеше претходно, со оглед на тоа што за нејзиниот мирис често се зборува како за нешто посебно.

Јелена постојано нагласуваше колку многу сака силни и трајни парфеми. Во едно интервју таа изјави:

– Обожавам силни и трајни парфеми кои мирисаат на сензуална и заводлива жена, на се*с. Парфемите на Шанел отсекогаш биле мој избор. Моментално користам Chanel – Coco Mademoiselle, Allure, No 5… Постои еден парфем на Шанел кој е моето тајно оружје за заведување пред спиење, а тоа е Beige, а компанијата Шанел го произведува годишно во ограничена серија – рече Карлеуша.

Интересно е што Цеца Ражнатовиќ, која исто така има свој парфем, има сличен вкус кога станува збор за мириси. Таа претходно откри:

– Иако досега лансирав два парфема, моите омилени се оние од Шанел. Најчесто ставам „Coco Mademoiselle“ – рече Цеца пред неколку години.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin
Се вчитува....