7.8 C
Скопје
17:46 - 19 февруари, 2026

БАКА ПРАСЕ СЕ ВРАЌА ВО СРБИЈА, РАСКИНАЛ СО ДЕВОЈКАТА, АМСТЕРДАМ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА: Се враќам и ќе се соочам со сите и ќе победам сè!

Контроверзниот српски јутјубер Бака Прасе, со вистинско име Богдан Илиќ, се враќа во Србија, а најновата вест од него е дека раскинал со неговата девојка Ања Благојевиќ (21) попозната како Ања Бла.

Инаку, Бака Прасе неодамна се пресели во Амстердам за да ги избегне коментарите кои следеа, како и обвинувањата по самоубиството на Јутјуберката Кика, со која постојано се препираше на социјалните мрежи.

инстаграм

Тој на својот Јутјуб објави видео во кое покажа како се подготвува за православниот Божиќ со семејството, а во него изјави дека Амстердам не е она што го очекувал, поради што наскоро се враќа во родната земја.

– Искрено, малку сум разочаран од целото искуство овде и од новата година во Амстердам, очекував малку повеќе. Сè е затворено и мислев дека некогаш тоа ќе помине, но да нема огномет, не верував дека може да се случи. Бев изненаден колку е досадно овде, па решив да го продадам станот што го купив овде, да се вратам во Белград… Се враќам во Србија и Белград и покрај сите закани, ќе се соочам со сите опасности и мои стравови и ќе победам се“, рече пред неколку дена Богдан, тогаш се уште во друштво на својата девојка Ања.

инстаграм

Сега пак, на Инстаграм напиша дека раскинал со Ања зашто не се согласувале повеќе, но и понатаму се сакаат и дека и на двајцата им е многу тешко. Воедно најавува дека извесен период ќе се повлече од социјалните мрежи.

– Се надевам дека ќе ја разберете мојата потреба за мир, по таквиот крај на минатата и ваквиот почеток на оваа година. Сите ве сакам – заклучи Бака Прасе.

 

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....