19:02 - 1 ноември, 2026

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Српскиот водител Воја Недељковиќ се присети на една од многубројните анегдоти од долгогодишната соработка со починатиот Саша Поповиќ, откривајќи и како изгледала нивната шега за време на преговорите околу хонорарот.

Водителот раскажал дека намерно побарал дури четирипати поголем износ од реалниот, не очекувајќи дека Поповиќ ќе му одговори на начин што целосно ќе го изненади.

Воја, кој со години е едно од препознатливите лица на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, објаснил дека намерно кажал сума што била нереална дури и за најголемите светски продукциски куќи.

– Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид, а не, пак, за него. Кажав четирипати поголем износ. Го прашувам дали сака да му ја кажам сумата на месечно ниво или за целата сезона, до јуни, а тој ми одговара прво да му кажам колку би чинело за еден месец… – раскажал Недељковиќ.

Сепак, Саша Поповиќ не му останал должен, туку веднаш имал подготвен одговор со кој го насмеал Воја.

– Тој држи хартија и пенкало и постојано нешто чкрта. Штом ја кажав сумата, тој во истиот момент ми одговори: „Добро, а кое око ми го даваш?“ – се присетил водителот.

Недељковиќ додал дека особено го фасцинирала брзината со која Поповиќ смислувал духовити одговори.

– Неговиот одговор се надоврза на мојот толку брзо, како некој да нè споил во монтажа – рекол Воја.

Слични објави

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.
Се вчитува....